7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Патуваа и сонуваа учениците од ООУ „Добре Јованоски“

Најубаво е да се патува и низ просторот и низ времето – ова го покажаа учениците од ООУ „Добре Јованоски“ со својата богата програма исполнета со најразлични сценски изведби во вкупно 16 точки. На сцената се претставија околу 200 ученици од сите возрасти, од вкупно 1 200 ученици кои посетуваат настава во училиштето. Креациите дојдоа до израз преку ритмичките перформанси, хорските песни, оркестарските мелодии, а исто така не може без сплет од забавните песни, како ни без драмската секција која се претстави со својата работа, рециталите, соло настапи и балетските сценски настапи.
– Идејата за мотото на смотрите „Патуваме сонуваме“потекна од самите ученици зашто тие сакаат најмногу да патуваат и да сонуваат. Учениците беа вклучени во програмата со голема мотивираност за да покажат што преку целата година се сработило, со поттик, со желба и големо задоволство за да го промовираат училиштето во најдобро светло зашто ООУ Добре Јованоски е со мултинационален карактер, а тоа е мотив плус да ги сработат перформансите со поголема желба, вели директорката на училиштето Сузана Дарковска.

Во продолжение проследете ја галеријата од фотографии од петтта вечер училишни смотри на ООУ Добре Јованоски – за секоја од прикажаните сценски изведби.

Би можело да ве интересира

Концерт на мешаниот хор КУД Стив Наумов – Битола

Вечерва, премиера на „Глембаеви“

Гордана Цветаноска

“Снежана на крајот умира“, најновиот македонски филм на Кристијан Ристески, конечно во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе