1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Ретка можност да „ѕирнете„ во светот на домородните африкански племиња преку искуството на прилепчанката Билјана Јуруковски

Во Кинотеката на Македонија, во Скопје, утре, на 23 септември,  во 19 часот, прилепчанката, познатата македонска фотографка, Билјана Јуруковски Миленкоска, која живее во Австралија, а чија пасија е фотографијата и фотографирањето на африканската култура, ликови и обичаи од африкански плменески заедници, пред  македонската публика ќе говрои за своите фото-искуства и со своја приказна ќе разкажува за далечната Африка.

Фотографијата преземена од Фејсбук страната на Јуруковски

 

„Ќе одржам презентација за своите патувања и средби со племињата во Африка“, вели Јуруковски.

Домородните племиња на африканскиот континент се во нејзиниот објктив, а нејзините фотографии патуваат низ многу земји и ги има во многу еминентни списанија.

Фотографијата преземена од Фејсбук страната на Јуруковски

 

За презентирање на Македонија и Прилеп, на нејезините патувања, Билјана Јуруковски , беше наградена од градот Прилеп со престижната награда на град  „3-ти Ноември“,a Радио Пела ја награди со нејзините традиоцнални радио статуетка „13 Величествени„ како прилепчанка која со својот талент и труд го привлкла вниманието на јавноста зашто пишувале медиумите. Јуруковски е  фотограф која ужива во патувањата, особено во Африка , каде  преку фото/стории ја доловува културата и траицијата на домородното население, раскажувајќи интересни приказни низ призмата на својот објктивот, доближувајќи  цивилизацијата и обичаите на други народи и доживувајќи пријатни изненадувања за нивната култура, почит кон природата и живиот свет и моралните вредности.

 Една од нејзиниете најинтересните дестинации е патувањето во Африка, а на последното фот/патување е фотографирањето на припадниците на народот Сури,  една од најизолираните заедници населени во Југозападна Етиопија, од каде произлезе и изложбата „Африкански лица“.
Веројатно за антрополозите Африка е секогаш една од омилените дестинации,  а преку искуството на Билјана , публиката која ќе биде присусутна на настанот, ќе може малку поблиску да ѕирне во нивниот свет, но и да чуе за предизвикот да се биде и да се работи таму како фотограф..

Инку, портретите на Билјана се кулминација на нејзината страст, љубовта и почитта кон другите култури и традиции. Тие прикажуваат грациозен свет, каде што силата и гордоста се врежани на лицата на фотографираните луѓе. Нејзината цел е преку фотографијата да создаде дискусии за различните култури, нивниот начин на живеење и прифаќање на животните предизвици. Билјана ја гледа фотографијата како медиум за комуникација меѓу луѓето. Нејзината работа е претставена на меѓународно ниво во многу списанија, весници, веб-страници, вклучувајќи ги „The Guardian“, „Lens Magazine“, „Sydney Morning Herald“, „La Fotografia Magazine“… Добитник е на многу награди, а нејзината работа е прикажана на изложби во Њујорк, Берлин, Барселона, како и во Македонија, и во Франција.

Презентацијата е во рамките на 9. издание нa меѓународниот етнографски фестивал (ЕТНОФФ 9/ ETNOFF 9), a влезот е бесплатен.

 

Би можело да ве интересира

Градска библиотека „Борка Талески“: Промоција на книгата Радио од новинарот Љупчо Јолевски

Гордана Цветаноска

Во подготовка нова претстава на прилепскиот театар

Вечерва концерт на Танец и изложба на Темков во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе