По 13-ти пат во Прилеп ќе се одржи традиционалниот меѓународен турнир во џудо за помлади пионери, пионери- ки , -и кадети – ки „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ – 2023“.Борбите ќе бидат во недела на 08.10 во салата од СОУ Ристе Ристески Ричко.Претходно ќе има и официјална пресс конференција , во сабота од 12 часот (Ресторан Алтан) по повод оваа спортска манифестација.Истиот ден че има и прием , акредитација и сместување по капацитети на џудисти кои доаѓаат од странство.Почетокот на турнирот е закажан за во недела од 10:00.
На турнирот ќе се доделат плакети за посебен придонес на развојот на џудото на одредени гости а свеченото отворање ќе биде во 10:30.Прилепскиот џудо клуб годинава одбележува и 20 години од неговото постоење , а тимот на Радио Пела посакува уште многу, многу, успешни години работа и резултати во овој спорт на оваа наша прилепска гордост.