11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Македонското знаме формирано од 1200 ученици во чест на 11ти Октомври

Во пресрет на празникот, Денот на народното востание, 11 Октомври, 1200  ученици од основните и средните училишта  го формираа македонското знаме на плоштадот „Методија Андонов- Ченто“  и предизвикаа воодушевување кај сите кои во тој момент присуствуваа на плоштадот во Прилеп. Со тоа  градот херој и  официјално ги започна одбележувањата на 82-годишнината од денот кога  македонскиот народ се крена против фашистичкиот окупатор.

Целта на перформансот, во изведба на учениците е подигнување на националната свест, почитта и љубовта кон татковината,  пренесувајќи на овој начин , симболична порака до сите  граѓани на Македонија, за важноста на националните македонски симболи и во чест на борците -херои кои го дале својот живот за слободна и независна Република Македонија, велат организаторите.

Во пресрет на празникот, денеска, во СОУ Ристе Ристески –  Ричко е откриен  и мурал, насловен „Слобода во нашите срца’ а ДЛУ – Прилеп попладнево, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе ја одржи традиционалната годишна изложба. Во градската библиотека „Борка Талески “ ќе се одржи прослава на уметноста и поезијата  насловена „Октомвриска ноќ“ , а ќе бидат изложени дела на познатиот акдемски сликар, Сергеј Андреевски.
Централното чествување по повод 11 Октомври е на бината на плоштадот „Александрија“ од 19,оо часот. Таму  ќе настапуваат: КУД „Пере Тошев“–Прилеп  ќе има пригодни рецитали на ученици по повод празникот, музичко-сценски настапи, и пригодно обраќање на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
Во 20.оо часот е  традицоналниот огномет и импровизираниот напад на Участакот.

Утре, пак, по повод празникот делегации од Сојузот на борците, од Владата, Парламентот, од локалната самоуправа и граѓани ќе се поклонат и ќе положат венци и свежи цвеќиња пред спомениците на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, на Кузман Јосифоски-Питу, идеологот на Револуцијата, во центарот на градот, на Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци што ги дал Прилеп во НОБ и Револуцијата. како и на  хероите во Алејата на народните херои во Паркот на Револуцијата, каде се наоѓаат бистите на 10 те прилепски народни херои.

Би можело да ве интересира

Прилепски пензионери спречени да патуваат на заедничка прослава во организација на Здружението на пензионери

Пела Редакција

Бехтел и Енка не се откажува од експропријација на нивите во Беровци

Гордана Цветаноска

Утре на денот на изборите понесете чадор – метеролозите предвидуваат дожд

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе