0.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

В година ќе нема произведство на сончоглед ако Владата не помогне со интервентниот фонд

Претставници на здружението за производство на сончоглед во најголем број од реонот на Пелагонија на денешната средба со нивниот откупувач велешка АД  „Кристал 1923“ се договорија и побараа од Владата поради годинашната суша која за повеќе пати им го намали родот, како и намалената окупна цена, да им помогне преку Интервентниот фонд да добијат дополнителни средства по 6-7 денари од килограм произведен и предаден сончоглед,
Извршниот директор на фабриката Горанчо Лазов од свое и име на земјоделците, од Владата побара ДДВ за сончоглед од 10 отсто повторно да биде како досега на 5 проценти. Тие потенцираат дека сончогледот не е луксузен производ туку суровина за производство на сурово масло, кое е од стратешки интерес за земјава.
-Затоа воведувањето на 10 отсто ДДВ на сончогледот е директен удар за фабриката и земјоделците бидејќи ниту сончогледот е луксуз ниту има потреба да се воведе 10 отсто ДДВ на сончоглед, затоа што ДДВ на суровото масло е 5 проценти. Нема никаква логика ДДВ на суровината да биде 10 отсто, кога на суровото масло кое го добиваме ДДВ е  5 отсто, потенцира Лазов и побара Владата да ја преиспита одлуката. Според него, овој проблем дирекно го загрозува откупот на сончоглед, а тие како единствен откупувач во земјава, и како фабрика веќе 6-7 години прават големи напори да го вратат сончогледот на македонските полиња. Лани фабриката „Кристал 1923“ откупила 9.800 тони сончоглед, а годинава поради сушата и намалениот род  само 3.800 тони. Ако лани цената била 35, а годинава 20,50 денари за килограм. Според Лазов компанијата  не може да плати повисока цена на земјоделците.  Конкуренцијата  била голема така што цената во соседството, на пример во  Србија е околу 320 евра, а тие на производителите на сончоглед им исплатите 333 евра.
И земјоделците во најголем дел од Пелагонија побараа од Владата да им излезе во пресрет и да им доплати по 6-7 денари за произведен килограм сончоглед, а со цел и догодина да ја засејат оваа индустриска култура која е сурвина за масло за јадење и од стретешки интерес за земјава.
Миле Ќебакоски, производител на сончоглед од прилепскиот регион на Пелагонија информира дека по барање на нивното здружение дошле кај нивниот откупувач да се договорат и да упатат заеднички барања до Владата
-Минатата година цената беше 35 денари за килограм, а годинава 20,50, тоа покажува дека е  драстично намалена. Поради рентабилност на фабриката цената е таа, а во опкружувањето цената е приближна, затоа бараме преку ресорното МЗШВ, преку Интервентниот фонд да добиеме помош по 6-7 денари по килограм. Инаку споредено со лани состојбата е катастрофална и по приносите и по однос на цената, рече Ќебакоски.
Тој произведува сончоглед на површина од 50 хектари, лани остварил принос од 1700, а годинава од 1200 килограми по хектар и е еден од земјоделците кои и покрај сушата сепак успеал да оствари поголем принос. Земјоделците посочуваат дека ако Владата не им помогне, догодина нема да засејат сончоглед.

Извор: (МИА)

Би можело да ве интересира

Јованоски: Ќе барам армијата да и’ помогне на полицијата за спречување на групирањето !

Гордана Цветаноска

🔥Активни пожарите Мариово и на Селечка, се очекува воздушна поддршка🔥

Пела Редакција

ИН МЕМОРИАМ: Почина уметникот Илија Миноски – Мината

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе