7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Академски час на Академик, проф д- р Валентин Мирчески – Електронот е Божјата честичка во рацете на хемичарот

Во рамките на одбелжувањето на 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, вечерва во собраниската сала пред голем број слушатели,  Академик, проф д- р Валентин Мирчески, професор по хемија при Природно – математичкиот факултет -Скопје, го одража т.н „Академски час„  на кој на оргинален и пристапен начин говореше за почетокот на универзумот, до улогата на секое битие во кусиот миг на неговото постоење како дел од една целина создадена од бесконечен број ентитети кои не можат еден без друг.
Низ 40 минутно предавање со наслов „За трите света“, проф. д-р Валентин Мирчески ја истакна важноста на целовитоста, сметајќи дека електронот е „Божјата честичка во рацете на хемичарот„.
Преку инспиративен говор базиран на науката, на електрохемијата која е во фокусот на неговиот научен интерес, но и филозофијата, културата, уметноста и духовноста, тој ја поврза хемијата со суштината на светот како нераздвоен дел од универзумот.
„Феноменот е во заедништвото, тогаш има нов квалитет. Моето јас е исто така дисеминирано низ многу други „јас“. Смислата на животот е целосоно исцрпена во неговата сама егзистениција, не треба да се бара друга смисла, но неговата вредност е колку тоа мое „јас“ ќе допре до други „јас“ и со нив ќе се измеша„ – говреше проф.Мирчески и ја воодушеви публиката со неговите едноставени примери за суштината на  светото , која го награди со бурен амплауз.
Академик, проф д- р Валентин Мирчески, е еден од добитниците на признанието „3-то Ноемвриска награда„  за животно дело, што утре во 19,оо часто во ЦК „Марко Цепенков, на свечена Седница на Советот на општина Прилеп, по повод Денот на ослободувњето на градот,  им се доделува на најзаслужни граѓани на Прилеп,  кои дал свој придонес во афирамција, промоција и развој на градот, од различни сфери на делување.
Инаку, со тридневна програма, со наслов “Борец, херој, хуманист“,  од  1 до 3 ноември Прилеп го одбележува овој знчаен празник од неговата историја преку разни културни, хуманитарни и спортски настани . Утре , трети ноември, ќе се одржи државен натпревар во пинг понг за средни училишта, традиционалниот ликовен хепенинг на Ротари клубот- Прилеп , а  во фоајето на ЦК Марко Цепенков, пред почетокот на церемонијалниот дел на додлување на признанијата и наградите 3ти ноември, ќе биде отворена изложба на фотографии насловена „Прилеп низ стари фотографии„

Би можело да ве интересира

Подарок од 500 комплет дресови од дијаспората за радост на прилепските деца

Елизабета Филипоска

(Видео) За Велигден, празникот со кој се слави воскресението Христово со отец, Дејан Секулоски

Елизабета Филипоска

Како Михаил го одбележа својот именден?! – Денеска е Свети Архангел Михаил, водач на сите небески сили

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе