Денеска ( 07.11.2023 ) на плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р. (28) од Прилеп.
Тој се сомничи дека извршил кражба во објект за продажба на сувенири, сопственост на Музеј Прилеп. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.