16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Женскиот младински хор при МКЦ настапува во Прилеп

На 9 ноември 2023 /четврток/ од 20.00 ч. во фоајеto од ЦК „Марко Цепенков“  концерт ќе одржи  реномираниот Женски младински хор при МКЦ. Диригент е Сашо Татарчевски. Концертот е во рамките на годишната програма на Центарот за 2023 година поддржана од Министерството за култура.

Од своето формирање во 1972 па сé до денес, Женскиот младински хор е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен и разноврсен репертоар, овој ансамбл покажа дека и пејачи аматери можат да постигнат високо професионални резултати.

Освен редовните концерти во Скопје, хорот учествува во разни проекти соработувајќи со други ансамбли и млади композитори. Како резултат на таквата соработка беа издадени две ЦД-а – “Дискреирање на мантра“ и “ФИРОМ реквием“ со снимки од праизведбите на новосоздадени композиции во изведба на женскиот младински хор, камерен оркестар, удиралки и лента под диригентство на Сашо Татарчевски. Во изминатите повеќе од 50 години хорот освоил многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали, промовирајќи се во вистински македонски културен амбасадор.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп и Крушево спроведени засилени контроли за почист воздух последната седмица од јануари

Пела Редакција

Бројот на активни случаи со КОВИД 19 во општина Прилеп се искачи на 123

Исчезната е 72 годишна прилепчанка

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе