7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мајстор Лало наскоро главен мајстор во Авто Контрол

Признат и познат занаетчија, „доктор“ за електриката во автомобилот мајстор Лало, од 1 ви декември преминува во тимот на Авто Контрол. Владимир Милошески Лало е мајстор со повеќе од 30 годишно искуство за авто електрика. Компанијата Авто Контрол го надградува тимот, а сервисот Шампион ќе згасне зашто се спојува со сервисот. Мајстор Лало вели дека голема е честа да се биде дел од тимот на Авто Контрол.

„Сега целото мое знаење и над 30 годишно искуство со авто електриката ќе го вложам тука. Со овој занает започнав да се занимавам уште во далечната 1988 година. Наредната 89 та се вработив во Центро Промет каде бев до 1994 г, но веќе од 92 рата започнав со поправки на автомобили по работното време. Во 1995 тата го отворив својот сервис „Шампион“ покрај градската река во Прилеп, а во 2008 та својата работилница ја преместив во Здружението на возачи. Сега сервисот Шампион згаснува и се фузира со сервисот на Авто Контрол,“ вели мајстор Лало.

Идејата е Авто Контрол да продолжи со професионалните услуги и врвниот квалитет што е услов за успехот којшто го гради изминатата деценија.

„Ни претставува голема чест и задоволство што искусен мајстор каков што е Владимир Милошески Лало ја прифати понудата да биде дел од нашиот тим. Од први декември тој ќе биде главен сервис мајстор во Автор Контрол. Целата идеја е компанијата да продолжи да биде лидер во оваа дејност по која што е препознатлива заедно со техничките прегледи и сервисот на возилата. Задоволниот муштерија и задржување на квалитетот на услугите и понатаму ќе биде нашиот императив,“ вели Даниела Перканоска, генерален менаџер на Авто Контрол Прилеп.

Семејниот бизнис за поправка на возила кој што започна пред две децении прерасна во компанија која што покрај сервис на возила вклучува и Станица за технички преглед. Денес Авто Контрол е втора по големина во Македонија препознатлива по квалитетот, брзината на услуга, задоволни клиенти и соработници.

Би можело да ве интересира

Николовски: Никој нема право, врз трудот на тутунарите, да стави дамка!

Гордана Цветаноска

(ГАЛЕРИЈА)Млеко 2024“ и предизвиците на македонските сточари

Пела Редакција

Од полноќ дизелот поевтинува за 5 денари

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе