11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Министре Николовски решете ги цените за старт на тутунскиот откуп!

Анекс договори со повисоки цени за актуелната тутунска реколта бараат производителите, а министерството најавува дека се’ е подготвено за почеток на откупот. Сојузот на земјоделски здруженија (официјалниот претставник на тутунарите) најавува дека нема да пуштат повереници на вагите за проценка без повисоки цени.

Може ли еден тутунски откуп во Македонија да почне без проблеми???

Иако тутунопроизводството е ЕДИНСТВЕНАТА земјоделска гранка која е регулирана со закон, се чини дека ниту тоа не е доволен предуслов за успешна работа во најтешкиот трудоинтензивен агро сектор во Македонија.  И за оваа реколта проблемите започна уште со новите договори во кои цените беа на исто ниво како за претходната 2022 г. Иако висината на цените во договорите треба да биде на задоволство и одобрување од страна примарните производители и годинава тоа не беше така. Тоа – одобрувањето на цените во договорите од страна на тутунарите, предложени од страна на откупните компании и годинава е основниот „камен на сопнување“ или пак свесно дозволен пропуст во законот кој што децении наназад се покажа како можност за манипулација со земјоделците, на задоволство на откупувачите.

И покрај зголемите трошоци поради инфлацијата, енергетската криза, драстично повиси цени за горива, ѓубрива, заштитни средства и за дополнителна работна рака во споредба со лани, цените во договорите останаа на истото ниво како 2022:  300 ден за прва, 240 за втора и 180 за трета класа.  Договорите се потпишаа без можност за корекции бидејќи периодот за отпочнување со земјоделските работи е краток. При што според информацијата на министерството за земјоделство 17.587 земјоделски стопанства склучеле 30.621 договори за вкупно обработка на 13.321 хектари под ориентален тутун и производство на  26.504 тони тутун.

Податоците во ресорното министерство ни оддалеку не ја одразуваат реалната слика за актуелната реколта.

Самиот почеток на земјоделските работи во раната пролет не ветуваше добра година. Неприкинат период од 2 месеци дождливото време ги оневозможи земјоделците да ги обработат површините за засадување, а наглата промена на временските прилики во период од високи температури и суша некаде го уништи, а некаде го преполови родот на нивите. Реалноста на терен пред крајот на бербените работи покажа дека може да се очекуваат максимално 14 000 тони ориентален тутун, што е помалку од две третини од договорено.

Пазарната економија лесно ја решава состојбата кога понудата е драстично помала од побарувачката – СО ПОВИСОКИ ЦЕНИ !!!

Во Македонија за тутунот не важи пазарната економија, оти има закон, дополнително, Министерството за земјоделство се тргнува на страна како посредник во преговорите меѓу тутунарите и откупувачите. И сега прашањето кое се поставува секоја година, а последниве 4 резултира со намалување на откупените количини е –  ЗОШТО ОРИЕНТАЛНИОТ ТУТУН НЕ Е СО ПАЗАРНА ЦЕНА? И КОЈ ТРЕБА ДА ГО РЕШИ ОВОЈ ПРОБЛЕМ ?

И наместо старт на откупот, министерот Николовски се сликаше со откупувачите и сподели информација дека се’ било подготвено за почеток на преземање на реколтата. Ниту збор за цените, ниту збор за преговори со тутунарите околу висината на цените!!!

 

Нешто е труло со тутунопроизводството во државата Македонија!

Да, на пазарот  едноставни се работите бидејќи е чиста математика кога 2 + 2 = 4 , но кога ќе се замеша политиката тогаш треба таа (политиката) да ги расчисти работите. Тоа го очекуваат околу 18 илјади семејства во Македонија чија што егзистенција е зависна од стартот на откупот и по која цена ќе се плати тешко сработеното во услови на инфлација и најави за влошување на економската криза. Така што пораката е до политичарот кој е директно одговорен за проблемот со годинешната реколта. Затоа и пораката: Министре Николовски вклучете се и решете го проблемот со цените и стартот на откупот на тутунот!

Игор Мирчески, координатор на неколку тутунски здруженија формирани непосредно по протестите 2020 година во соопштение посочува дека станува збор за „Циркус со откупот на тутунот во режија на Сојузот на земјоделци“ лоцирајќи го проблемот во Сојузот со неколку прашања до ресорниот министер :

„Неможејќи повеќе немо да гледаме како се уништува една од најважните гранки во Македонија од која егзистираат огромен број земјоделци и од каде се полни голем дел од буџетот, чесно е да ја знаете вистината за оваа циркузијада која што се случува со откупот на тутунот.

Имено релевантните институции пред се Министерството за земјоделство, наместо цела енергија да ја вложат во изнаоѓање на начин и средства за покачување на цените на тутунот со кој би биле задоволни тутунарите, тие во нивната безидејност и немањето на знаење прибегнаа кон изготвување на овој циркус кој се реализира преку г.Менде Стомнароски, циркус составен од неколку фази.

-Првата фаза од овој циркус започна пред неколку денови кога г.Стомнароски бомбастично најави дека доколку нема поткачување на цените на тутунот во понеделник тој нема да поставува повереници на вагите. Причината за оваа изјава не беше да се врати довербата на тутунарите кон Сојузот на Менде(тие никогаш не ни ја имаа) и да се прикажи како нивни заштитник, туку да се претстави Сојузот во оваа фаза како фактор кој во следните фази ќе послужи како крпа за бришење на министерот за земјоделие.

-Втората фаза од овој циркус започна по состанокот во понеделникот на кој состанок му се даде на Менде Стомнароски  време до 1-ви декември со откупувачите да ги испеглаат цените демек во интерес на тутунарите. А вистината за оваа фаза е следна:откупувачите се согласни да има некое мало покачување на цените, но далеку под она што го очекуваат тутунарите и кое покачување можеше да се договори и на самиот состанок, но тогаш револтот на тутунарите ќе беше насочен кон министерот, па за да се избегне тоа се премина кон префрлање на топката кон Менде Стомнароски како би бил заштитен министерот во очи на престојните избори се со цел да се освои некој глас од тутунопроизводителите, каде доколку не се задоволни тутунарите со покачувањето што би требало да следи од околу 10 до 20 % министерот во таа ситуација би изјавил:што се договори сојузот со откупувачите тоа е,ние немаме никаква врска а од друга страна ако се задоволни тутунарите тогаш заслугите ќе си ги препише самиот министер.

Затоа за нештата да бидат појасни поставуваме неколку прашања на кои бараме јавни одговори :

  1. Зошто Менде Стомнароски чекаше до последен момент за да стапи на сцена во интерес на тутунарите пропуштајќи ја цела година за договори и преговори со откупувачите?
  2. Ако ланската година премиерот и министерот „успеаја“ да ја поткренат цената на тутунот зошто годинава главен за тоа е Менде?

3. Дали со пролонгирањето на овогодинешниот откуп намерно се исцрпуваат како финансиски така и морално македонските тутунари, а се со цел да нема протести од ниската откупна цена?

И за крај Министре, барем на крајот од вашиот мандат сфатете дека тутунарите и сите земјоделци се целосно оформени и образовани личности кои лесно препознаваат манипулации и затоа ве молиме, доста со дворски игри и засучете ги ракавите да изнајдете заедничко задоволително решение за тутунарите и откупувачите. А вие почитувани откупувачи добро размислете за наредните години: сакате тутун-платете, не сакате тутун-не плаќајте,“  стои во соопштението од Мирчески.

 

Би можело да ве интересира

Во прилепско поднесени близу 2 000 барања за земјоделски субвенции

Гордана Цветаноска

Дизелот поскапува, бензините со иста цена

Гордана Цветаноска

Одбележани 80 годишнината од смртта на народниот херој Борка Талески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе