16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Тутунарите имаат 2 предлога за претстојниот откуп

Тутунарите од прилепско, битолско, од радовишко и од другите региони каде традиционално се одгледува тутун вечерва во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп одржаа трибина во организација на Националната земјоделска мрежа и Здружението Тутунска надеж. Низ дискусија за актуелните состојби со тутунска реколта, колку цените во договорите ќе се одразат на рентабилност на производство тутунарите изградија заклучоци. Велат дека двојно е подобар квалитетот од лани, трошоците ги зголеми инфлацијата…

И целиот род да биде исплатен во највисоката цена во договорите од актуелната реколта од 300 денари за прва класа реално не е исплатливо за вложениот труд, бидејќи 5 евра се многу малку и не ги покриваат трошоците, а камо ли профитабилност. Имаат два предлога: со посредство на ресорното министерство да продолжат со преговорите со откупувачите за да се достигне двојно повисока цена со анекси на договорите; доколку преговорите не успеат, Тутунски Комбинат да изврши интервентен откуп за да се принудат приватните откупувачи да ги подигнат цените.

Би можело да ве интересира

Руската амбасада и Општина Прилеп го одбележаа Денот на сеќавањето

За референдумот до ДИК од дијаспората доставени 742 пријави

Преку практична работа се гради професионалноста

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе