11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Со отворен час одбележани 30 години од смртта на Блаже Конески

Во организација на Фондација за македонски јазик Небрегово и НУ Завод и музеј Прилеп денеска се одржа отворен час во чест на кодификаторот на македонскиот јазик Блаже Конески по повод 30 години од неговата смрт. Отворениот час започна со полагање на цвеќиња на споменикот Блаже Конески на платото од Центарот за култура Марко Цепенков, од делегации од НУ Завод и музеј Прилеп, од НУЦК „Марко Цепенков“, општините Прилеп и Долнени, од библиотеката, од ОУ „Блаже Конески“ и од Клубот на литературни творци – Прилеп. Во чест на великанот со творби се претставија ученици од ОУ „Блаже Конески“, како и поети од Клубот на литературни творци – Прилеп.

 

Како научник-славист, Конески ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествувал во Комисијата за азбука, во составувањето на првиот Правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, но и Историјата на македонскиот јазик, а е еден и од составувачите и главен редактор на тритомниот Речник на македонскиот јазик. Родната куќа на Конески во селото Небрегово, од 1-ви август 2005-та година е прогласена за македонски Споменик на културата.
Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 во прилепско Небрегово, а почина на 7 декември 1993 во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во тек е вториот уписен рок за деветтоодделенците – стручните служби во средните училишта ги очекуваат учениците (ВИДЕО + ФОТО)

Објавен конкурсот за упис во средните училишта, во Прилеп за дуално образование се вклучуваат 15 компании

Гордана Цветаноска

Гори и во долненско – попладнево пожар кај с. Слепче

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе