1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

РК Прилеп не победи но одлично му се спротистави на Еурофарм Пелистер

Иако, не извојуваа победа против  посилнот тим, првакот, Еурофарм Пелистер, ракометарите на Прилеп дадоа максимален отпор и на прилепската публика, во последниот натпревар од полусезоната од Суперлигата и приредија  неизвесен и одличен натпревар и им зададао мака на пелистерци,  кои во последнаите 5 минути од натпреварот создадоа резултатска предност, 33-38 (15-20).

Пелагониското дерби започна со израмнета игра, иако Еурофарм Пелистер не ги даде сите располозливи играчки сили, сепак, се почуствува жарот и желбата за калитетна игра на прилепчани, што резултираше со одлични одбрани на голманскиот соства и несомнено добра партија на централниот играч, Владан Кастратовиќ , Никола Цветаноски и двете крила , левото 17 годишниот Давид Трајкоски ( 6 гола) , а особено Денис Шабановиќ,  кој на овој натпревар постигна 8 гола и беше нерешлива енигма за пелистерци.

Во вториот дел од натпреварот  следуваше неочекуван удар за гостинскиот тим, затоа што Прилеп направи серија од 5-1 и ја врати неизвесноста на натпреварот. Тесно беше и во следните десет минути. Во 48 минута, домаќинот со голот на Кастратовиќ дојде до изрманување, 28:28 . Сепак, поискусната екипа  Еурофарм Пелистер, со мини серија го скрши отпорот на домаќинот во финишот и со победа ја затвори годината.

Прилепчани не ги добија бодвоите, но добија аплауз од својата пубилка за одлично прикажана  игра.Прилеп настапот во Супер лигата ќе го продолжи во плеј-аут фазата и во борбата за опстанок ќе пренесе два бода.

Би можело да ве интересира

Чатлески: На младите боксери им требаат вистински услови за напредување

Никола Димески

И, ТРЕНИНГОТ Е НАСТАН – РАКОМЕТАРИТЕ И КОШАРКАРИТЕ ПО ДОЛГИ ГОДИНИ ВЛЕГОА ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Елизабета Филипоска

Се подготвува меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе