30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ВО РК ПРИЛЕП ЗАСЕГА ДВЕ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА

Првиот овогодишен собир на машкиот суперлигаш Прилеп се одржа во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Тренерот Горан Кузманоски – Таста им даде одмор неколку дена на голманот Зураби Цинцадзе, централниот бек Мириани Гавашелишвил и десното крило Реваз Чантурија кои имаа натпревари за репрезентацијата на Грузија, додека пивотот Александар Тренчевски е единствениот кој замина, во Финска, но со намера да се врати за плеј-аутот.

Многу важно е што повредените заздравуваат – левото крило Казеин Рустамов и пивотот Сашко Манчески. Што се однесува до нови играчи, двајца веќе дојдоа 23-годишниот централен бек Марио Гичев и 20-годишниот пивот Марко Трајковски (двајцата од Тиквеш), а можно е да дојде и трет, на бековска позиција. До продолжението од Супер лигата на 3 февруари претстојат неколку пријателски натпревари, меѓу кои два на 21-22 јануари со Дубочица во Лесковац.

Би можело да ве интересира

Прв меморијален шаховски турнир “МАТ”, учествуваа над 120 шахисти

Еден примен гол за седми пораз на Победа во првенството (ФОТО)

(ВИДЕО) ФФМ беше дел од 75-от конгрес на ФИФА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе