11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (64)

Пишува Зоран Момироски

  • ПРИЛЕПСКИТЕ ПРАТЕНИЦИТЕ  ПЕТАР РИСТЕСКИ  И АНЕ  ЛАШКОСКА СО ПОДДРШКА НА ПОВЕЌЕ  ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ГО ПРЕДЛОЖИЈА, А МНОЗИНСТВОТО ПРИФАТИ  ЗНАЧАЕН АМАНДМАН. СО ШТО, ВЛАДАТА  ЈА ПРЕЗЕДЕ ОБВРСКАТА И ЌЕ ЈА ФИНАНСИРА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАД НА ЈП КОМУНАЛЕЦ ВО КРУГОТ НА ДЕПОНИЈАТА АЛИНЦИ. И ОВОЈ ПОТЕГ НЕ Е НИКАКОВ ПРОБЛЕМ. НАПРОТИВ, ТОА Е ЗНАЧАЕН КАПИТАЛНО ИНВЕСТИЦИСКИ ЗАФАТ ЗА ГРАДОТ, А ЌЕ БИДАТ  ОТВОРЕНИ  И НОВИ РАБОТНИ МЕСТА.ОТКАКО ПЕКАТА НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ ЈА ОБЈАВИ ВЕСТА, ЕДЕН  НОВОПЕЧЕН ПРИЛЕПСКИ ПОРТАЛ ОБЈАВУВА ДЕКА БОКИО СООПШТИЛ: НА НАШЕ ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО ПРИФАТЕН Е АМАНДМАНОТ СО КОЈ ШТО СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ 1.500.000 ЕВРА ЗА ОВОЈ ПРОЕКТ. ПРИТОА САКАМ ДА ГО ПРАШАМ  ОВОЈ НАШ ,,НАПАТЕН“ ПРИЛЕПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК: НЕЛИ КАКО ЛОКАЛНА ВЛАСТ НЕМАВТЕ ПОДДРШКА ОД ВЛАДАТА?! АМА НИКОГАШ НА НАРОДОВ НЕ МУ КАЖАВТЕ СО КОЛКУ  „СЕРИОЗНИ“ ПРОЕКТИ  ВО ИЗМИНАТИВЕ  ДВЕ ГОДИНИ АПЛИЦИРАВТЕ ПРЕД ТАА ВЛАДА ?!? ВАШАТА  ,,ДРЕМУША“ ЈА ПОКРИВАВТЕ  СО ТОА ДЕКА ВЛАДАТА Е ПРОТИВ ВАС !!! И ТАА Е  ВИНОВНА. А НЕ ВИЕ. НА КРАЈ И ОВОЈ ПРОЕКТ НЕ Е ВАШ, ТУКУ ОД  ВРЕМЕТО НА МАЦИО И ЏЕКЧЕТО. СТРАМОТА Е ДА НЕ МУ ЈА КАЖЕТЕ ВИСТИНАТА И ДА НЕ ГО ПОТСЕТИТЕ  НАРОДОТ, ДЕКА НА 30 АПРИЛ 2017 ГОДИНА СИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ И ПИШАНИ МЕДИУМИ, ОБЈАВИЈА: КАЈ АЛИНЦИ НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ИЗГРАДЕНА И ПУШТЕНА ВО ФУНКЦИЈА  ПРВАТА ФАБРИКА ЗА СЕКУНДАРНА СЕЛЕКЦИЈА НА БАЛКАНОТ. ОПРЕМАТА Е КУПЕНА ВО 2013 ГОДИНА. А НЕЈЗИНИОТ КАПАЦИТЕТОТ Е ПРЕРАБОТКА НА 150 ТОНИ ОТПАД ВО ЕДЕН  ДЕН. ИНВЕСТИЦИЈАТА ТОГАШ  ЧИНЕШЕ 60 МИЛИОНИ ДЕНАРИ.

 

  • КОГА СМЕ КАЈ ОВАА ФАБРИКА УШТЕ МАЛКУ ОД ТОА ПОТСЕТУВАЊЕ ШТО ИЗГУБИЛ ПРИЛЕП ОД НЕЗНАЕЊЕ, ОД ИНАЕТ И ОД САМОБЕНДИНАСАНОСТ: ПО ИЗБОРИТЕ ТОГАШ  РИСТЕСКИ ЗАМИНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНЦИЈА. ВО МЕЃУВРЕМЕ НА ОВАА ФУНКЦИЈА ДОЈДЕ ДРУГАРОТ И КОЛЕГА НА СЕГАШНИОТ,  ОРТОПЕД  ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ –МУЦЕТО. НАЈВЕРОЈАТНО  ЗАРАДИ ИНАЕТ НА МАЦИО. ИНВЕСТИЦИЈАТА И ПРОЕКТОТ ОД ПРЕТХОДНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ БЕШЕ ЗАПРЕНА. А ИСТИОТ  ПРОЕКТ  ГО ПРЕЗЕДЕ ХРВАТСКА И ИЗГРАДИ ИСТА ВАКВА ФАБРИКА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ  ВО РИЈЕКА. НАМЕСТО ДА СЕ ЗАДРЖИ ЛИДЕРСТВОТО  ВО ОВАА ОБЛАСТ НА БАЛКАНОТ СЕГА ПО ЗАГУБЕНИ 7 ГОДИНИ ПРИЛЕП  ЌЕ ГО ЗАОКРУЖЕШЕ ОБЈЕКТОТ  И  ПОСТАВЕНАТА МЕТАЛНА КОНСТРУКЦИЈА КОЈА Е ПОСТАВЕНА ПРЕД СЕДУМ ГОДИНИ НА ЗЕМЈА ОТКУПЕНА -ОД  ПРИВАТНИ  ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЗА ШТО ТОГАШ  СЕ ПЛАТИ 3.500.000  ДЕНАРИ – ПАРИ ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ. ОВАА ФАБРИКА СПОРЕД УТВРДЕНИТЕ  РОКОВИ  БЕШЕ ПЛАНИРАНО ДА ЗАПОЧНЕ СО РАБОТА ВО 2018 ГОДИНА, А ДЕПОНИЈАТА АЛИНЦИ ДА БИДЕ ЗАТВОРЕНА ЗА 5 ГОДИНИ. НАМЕСТО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДА ИЗЛЕЗИ И ЈАВНО ДА МУ КАЖЕ НА НЕГОВИОТ  МЕНТОР И КОЛЕГА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ-МУЦЕТО, КАКВА УТКА НАПРАВИЛ СО НАПУШТАЊЕ НА ОВОЈ ПРОЕКТ И СО ТОА  КАКО ГО ,,КАЗНИЛ“ И ГРАДОТ И ГРАЃАНИТЕ, АМА  И КАКВИ СЕ’ ШТЕТИ ТРПИ СЕВЕРНИОТ ДЕЛ ОД ПЕЛАГОНОНИСКОТО РОДНО ПОЛЕ ОД ОВАА  ДЕПОНИЈА, ТОЈ ГО ПРЕСКОКНУВА СИОТ ОВОЈ ПЕРИОД И ДИРЕКНО МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА НА СИТЕ ЗА АМАНДАМНОТ. ПРИТОА  НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАБОРАВИ ДЕКА ВАКВА ИДЕЈА ПРЕД ДА БИДЕ ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК МАЦИО ИМАШЕ НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК  САШО ПИРГАНОСКИ  И ТОА ЗА ГОЛЕМА РЕГИОНАЛНА ФАБРИКА И ДЕПОНИЈА ЗА КОЈА, КАКО СУРОВИНА БИ СЕ НОСЕЛО ЃУБРЕ ЗА ПРЕРАБОТКА И СЕЛЕКТИРАЊЕ  ОД 47 ОПШТИНИ ОД ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА.

 

  • АМЕРИКАНСКАТА  АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР СИЛНО ВИКНА И ПОТСЕТИ: „ОД НАШИТЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ ИЗДВОИВМЕ  НАД  500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО МАКЕДОНИЈА  ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, А ГЛЕДАМЕ ЕПИДЕМИЈА НА КОРУПЦИЈА!!! “ КОЛКУ ПОВЕЌЕ ТАА ВИКА ОД ИМЕТО НА НАШИОТ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР, ТОЛКУ ТОЈ НЕЈЗИН ГЛАС ВО ПРИЛЕПСКИ УСЛОВИ ТЕШКО СТИГНУВА ДО ОРЕОВЕЦ, ДО ЛЕНИШТЕ, ДО СЕЛАТА ДО ПОД ЛЕГЕНДАРНОТО КРУШЕВО, ДО ПРИЛЕП. А ПОРАДИ ПЛАНИНАТА СЕЛЕЧКА НИКАКО ОВОЈ ГЛАС ДА СТИГНЕ ДО МАРИОВО. ПОРАДИ ОВА НАШИВЕ ,,ГЛУВО- НЕМИ“ И НЕДОКВАКАНИ  АПАШИ  ЗИНАТИ ЗА ПАРИ НИКАКО ДА РАЗБЕРАТ ШТО АГЕЛЕР ПОРАЧУВА. АКО РАЗБИРАА И САКАА МАЛКУ ПОВЕЌЕ ОД ЛИЧНИТЕ ПОТРЕБИ ДА ГИ ВЛОЖАТ СВОИТЕ ДОБРИ  НАМЕРИ  СИГУРНО Е ДЕКА ДОСЕГА АКО НЕ ПОВЕЌЕ, БАРЕМ ЌЕ ПОКРЕНЕА ПОСТАПКИ ЗА ОНА ШТО ГО ВЕТУВААТ ПРЕД СЕКОИ ИЗБОРИ. А ДОКУМЕНТИ, ДОКАЗИ И ПОТВРДИ ОД РЕЛЕВАНТНИ ИНСТИТУЦИИ ИМААТ. ПОСЛЕДНИОТ РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА СОСЕМА Е ДОВОЛЕН ПОВОД ЗА ДА СЕ ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА. ЗА ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, ПОДОЛГО, БИ РЕКОЛ ПРЕДОЛГО, СИ  МОЛЧАТ И СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ. ИЛИ ПОКОНКРЕТНО ПОЕДИНЦИ КОИ СЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО ОВОЈ КРИМИНАЛ И ПУСТОШЕЊЕ  НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ  И ОПШТЕСТВЕНИТЕ ДОБРА,  ,,ПРИТИСКААТ“ ДА НЕ ИЗЛЕЗАТ  ,,ЧЕСНИТЕ“  РАБОТИ  КОИ ГИ ПРАВЕЛЕ, А И СЕГА ГИ  ПРАВАТ  ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ. СО НАСМЕВКА НА ЛИЦАТА, СО ИЗРАЗИ НА НЕВИНОСТ И ДОБРИНА СО ЗДРУЖЕНИ СИЛИ И СО ,,БРАТСКА ЉУБОВ“ ПОЕДИНЦИ ОД СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ И НАТАМУ  СИ КРЦКААТ ИСТО КАКО ДА НЕ РАЗБИРААТ ШТО ИМ  КАЖУВА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА. АМА КАКО ТРГНАЛА РАБОТАТА ВЕРОЈАТНО И ТИЕ И НИВНИТЕ ВРСКИ И ВЛИЈАНИЈА ВО ПОЛИЦИЈАТА ОБВИНИТЕЛСТВО И СУДСТВОТО МНОГУ БРЗО ЌЕ СЕ НАЈДАТ ВО СИТУАЦИЈА ДА БИРААТ МЕЃУ ЗМИЈАТА И МАГАРЕТО.

 

  • ОТКАКО  И ГОДИНАВА ТОП ГО ,,УКРАСИЈА“ НОВОГОДИШНО ПРИЛЕП И НАПРАВИЈА „ВИСТИНСКА БАЈКА “ ОД ГРАДОТ, ПРИЛЕПЧАНИ И ГОДИНАВА ,,АКНАА“ ПРВО ВО ТРИКАЛА, ПА ПОТОА ВО ДРАМА И КАВАЛА.СЕГА ИМА НОВА ПОНУДА ДА СЕ ПОСЕТИ ТИРАНА. ЗА ВИКЕНД ИЛИ ПРАЗНИЧНИ ДЕНОВИ  АВТОБУСИ И АВТОМОБИЛИ  БУКВАЛНО ГИ ИМААТ БЛОКИРАНО  ПРЕМИНИТЕ  МЕЏИТЛИЈА БОГОРОДИЦА И ДОЈРАН. СО НОВАТА ПОНУДА ИСТА ЌЕ БИДЕ СИТУАЦИЈАТА И НА ЌАФАСАН. ДЕЦАТА САКААТ И БАРААТ  ДА ВИДАТ, НО  И ДА СЕ ЗАБАВУВААТ. СО ТОА ШТО ГО ПРАВАТ СО ГОДИНИ ЗА ОВАА ПРИЛИКА  ,,ГРИЖЛИВИТЕ“ ПРИЛЕПСКИ ЛОКАЛНИ ВЛАСТИ  НЕ СЕ  И НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ЗАДОВОЛНИ  НИТУ БЕБИЊАТА, А ЗА ДЕЧИЊАТА, ПА ДУРИ И ПОВОЗРАСНИТЕ ДА НЕ СПОМЕНУВАМ. И ТОА РЕАЛНО НЕ Е ПРОБЛЕМ. НА  РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГИ ФАТИЛ ,,КАМЕН НОЗЕТЕ“ ИМААТ ИЛИ  НЕМААТ ПАРИ ГИ НОСАТ ДЕЦАТА. ТАМУ ЦЕЛ ДЕН СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА СТУД И НЕ РЕТКО СЕ РАЗБОЛУВААТ. ВИСТИНСКИОТ  ПРОБЛЕМ  Е КАКО НЕ СЕ ЈАВИ ИНВЕНТИВНОСТ  И ПОТРЕБА И КАКО  НЕ СЕ НАЈДЕ МАЖ ПА ВО ПРИЛЕП ДА ПОКРЕНЕ ИНИЦИЈАТИВА И ДА  НАПРАВИ БАРЕМ  МАЛ ЧЕКОР ,,АМА ГОЛЕМ“ ЗА ЧОВЕШТВОТО. БАРЕМ ГРАДОТ  ДА СЕ УКРАСИ, АКО НЕ ПОВЕЌЕ, БАРЕМ КОЛКУ БИТОЛА. ЗА ПОВЕЌЕ ДА НЕ СПОМЕНУВАМЕ И ДА НЕ БАРАМЕ.ОТИ Е МНОГУ ТЕШКО  ДА СЕ НАПРАВАТ  20 КУЌАРКИ  ОД ДРВО. ДА СЕ УКРАСИ ПРИЛЕПСКАТА ЧАРШИЈА. ДА СЕ НАПРАВИ ПРИКАЗНА И НОВОГОДИШНА АТМОСФЕРА Е МНОГУ  ГОЛЕМА РАБОТА. НЕ САКАМ  ДА МИ ОДИ ПАМЕТОТ  ТОЛКУ ДАЛЕКУ, АМА ЕДЕН МОЈ ПРИЈАТЕЛИ ВЕЛИ: „ОВИЕ ГЛЕДААТ ИЛИ НЕ ЗАБЕЛЕЖУВААТ. НЕ, Е ГОЛЕМ ТРОШОК АМА КАКО ЗА ИНАЕТ НИТУ  УКРАСУВААТ НИТУ ПРАВАТ АМБИЕНТ.“ СЕ ЗАМИСЛУВА ПА ПРАШУВА: „ДА НЕ ЗЕМААТ ИЛИ ДА НЕ  ДЕЛАТ ПРОВИЗИИ СО ОВИЕ  КОИ ОРГАНИЗИРАНО НОСАТ  ЗИМСКИ ТУРИСТИЧКИ ТУРИ  ВО ГРЦИЈА. А СЕГА НАЈНОВО И АЛБАНИЈА?!?“ ДРУГИОТ ПРИЈАТЕЛ КОЈ УЧЕСТВУВА ВО РАЗГОВОРОТ ВЕЛИ: „А БЕ  СЕЉАЧКА РАБОТА!!! ТИЕ НЕ МОЖЕА  ДА ГО ОДРЖАТ И  ГО РАСТУРИЈА   ПИВОФЕСТ  ВИ СТЕ ОПНАЛЕ И СИ ГО ТУПИТЕ МОЗОКОТ : ЗОШТО  НЕМАЛО КОЈ ДА НАПРАВИ И ДА ИЗМИСЛИ   НОВ ПРИЛЕПСКИ  НОВОГОДИШЕН, А ЗОШТО НЕ И РЕГИОНАЛЕН И БАЛКАНСКИ ПРЕДИЗВИК И БРЕНД!?!? “

 

  • ПРЕДНОВОГОДИШНА ФБ РОШОМОНИЈАДА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊА И ЗАКАНИ, ИНФОРМИРА ПОЛИЦИЈАТА. ЕДЕН ЗАБЕГАН ПРИЛЕПЧАНЕЦ, ПРЕЗЕМАЛ СЛИКИ ОД ФБ НА СОПРУГОТ И ГИ ПРЕПРАЌАЛ И ЈА УЦЕНУВАЛ НЕГОВАТА СОПРУГА ИНАКУ БИТОЛЧАНКА – ИНФОРМИРА ПОЛИЦИЈАТА. ЛЕЛЕ, ЛЕЛЕ, КАКОВ ,,СЕКСИ“ НАПАД  НА  ПРИЛЕПЧАНЕЦ И ТОА НИ ПОВЕЌЕ И НИ ПОМАЛКУ  ВРЗ БИТОЛЧАНКА. ДРУГ  ПАК, НА КОЈ МУ Е ПОДНЕСЕНА И КРИВИЧНА ПРИЈАВА ТИ ВОЗНЕМИРУВАЛ  ОБВИНИТЕЛКА И НЕЈЗИНОТО СЕМЕЈСТВО, ПА ДУРИ И НЕЈЗИНАТА ЌЕРЌА. ИМАЛО И НАПАД ВРЗ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИЗВРШУВАЛ СЛУЖБЕНА РАБОТА. ГИ ЧИТАМ ОВИЕ ДНЕВНО ПОЛИЦИСКИ БИЛТЕНИ И СИ ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊЕ: „КАДЕ ГО ИМА ОВА ОСВЕН КАЈ НАС,ТОЛКУ ЛИ ЗАБЕГАЛА РАБОТАВА? АБЕ НА КОЈ ЌЕ МУ ПАДНЕ НА ПАМЕТ ВО ЗЕМЈА ВО ЕУ ДА ПРАВИ ВАКВИ ,,ЕКСКУРЗИИ“. ОСОБЕНО НА ОБВИНИТЕЛ, НА ПОЛИЦАЕЦ, НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК  ИЛИ ЗДРАВСТВЕН ИЛИ РАБОТНИК ВО ОБРЗОВАНИЕТО ?“ НЕ  ДЕКА НЕМА ВАКВИ ПОЕДИНЕЧНИ  ИСПАДИ. АМА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ ФУНКЦИОНИРА БЕСПРЕКОРНО, А  ПОЛИЦИЈАТА  ИНТЕРВЕНИРА БРЗО, ЕФИКАСНО И ТОА БЕЗ ,,ПРЕКУМЕРНА УПОТРЕБА“ НА СИЛА. ТАМУ НЕ САМО ШТО ,,ЧЕШЛААТ“ ТУКУ ОДМА ФЕНИРААТ  И НА КРАЈ ТОЛКУ  ВИСОКО СТРИЖАТ, ШТО  УШТЕ  ЕДНАШ НА ЧОВЕК НЕМА НА ПАМЕТ ДА ПРАВИ  ВАКВИ ,,ШИЗИЧКИ ФРИЗУРИ“ !!!

Би можело да ве интересира

(Видео ) И, на Светскиот ден на правдата пензионерите протесираат, но правдата никако да ја добијат

Елизабета Филипоска

 Митрополит Петар: Климентовото дело има апостолски размери

Пела Редакција

Девет годишно дете и неговата мајка се дел од заболените 6 лица во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе