11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јовчески: Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година е развоен и одржлив

Преку соопштение за јавноста,  Борче Јовчески градоначалник на Општина Прилеп посочува дека Буџетот за наредната година е развоен и одржлив и ќе овозможи подобри услови за живот на граѓаните и развој на Прилеп. Приоритет имаат инфраструктурните проекти. Соопштението на градоначалникот Јовчески го објавуваме во целост:
Советниците го изгласаа Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, кој тежи 1.774.987.000 денари,(една милијарда и седумстотини седумдесет и пет милиони денари). Градоначалниот на Прилеп, Борче Јовчески, обраќајки се  пред советниците, го окарактеризира  Буџетот на Општина Прилеп  за 2024 година, како развоен и одржлив, кој ги има сите компоненти за истовремено да го поддржи развојот на Оптшина Прилеп за 2024 година, но и да ја обезбеди фискалната одржливост.

                                                    Седница на совет

„Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, во споредба со Буџетот за 2023 година, бележи раст за 253 милиони денари, што се должи на кратење на непродуктивните трошоци, зголемување на приходите, реални јавни набавки и транспарентно, чесно и законско работење. Капитални проекти и програми на кои во Буџетот за 2024 година им даваме приоритет е изградба и реконструкција на улици и локални патишта и изградби на кружни текови, реконструкција на тротоари и пешачки патеки, за одржување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, за што се наменети 123,6 милиони, 47,1 милион денари се наменети за изгрдаба на градинката во нас. „Точила“; 5,5 милиони денари се планирани за  изградба на системи за водоснабдување, фекална и атмосферска канализација, а 919 милиони денари се планирани за финасирање на основните и средните училшта.  Во овој буџет, како никогаш досега, акцент е ставен и врз животната средина. Ако во минатото финансиски  средства се издвојувале само за чистење депонии и чистење на коритата од реките, оваа година 90 милиони денари, или 1,5 милиони евра, се наменети за изградба на фабриката за рециклирање на отпад за одржување на здрава животна средина и примена на зелената економија, каде отпадот се користи како ресурс, за економска и  еколошка одржливост.
Во Буџетот за 2024 планирани се и средства за поддршка на локалниот економски развој за 2024 година, за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливите категории на граѓани, за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита на граѓаните на Општина Прилеп, за обезбедување на оброк за учениците во прво и второ одделение од основните училишта, за доделување на еднократна парична помош за новороденче, за доделување на стипендии на студенти од Општина Прилеп за нареднта академска година, за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија, основани од Единицата на локалнта самоуправа на Општина Прилеп, за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година, за културни манифестации и фестивали, за спортот и спортските манифестации, за одбележување на значајни настани, личности и празници, за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп, и за прва пат,  за  доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп, како и најдобар воспитувач во детските градини “Наша иднина„,  за стимилирање и за потврдување на работењето на овие профили кои се клучни во развојот на нашите деца.
Со одговорно и чесно работење, после две години Локална власт, успеавме од вкупно преземените обврски од 292.562.164 денари, од крајот на 2021година, да ги намалиме на само 47.085.000 денари, во овој момент! Едноставно кажано, нашата Општина Прилеп, која што со моето преземање на функцијата градоначалник, имаше скоро 5 милиони евра долгови, истите сега изнесуваат нешто помалку од 800 илјади евра. Во меѓувреме реализиравме огоромен број на проекти, а сигурен сум дека во иднина ќе имаме можност да реализираме уште повеќе и со тоа да ги подобриме условите за живот на сите прилепчани.
Новата 2024, повторно, ќе ни започне со работа и креирање на поквалитетни услуги за граѓаните. Во насока, на развојниот пат на Општина Прилеп, ќе започнеме со имплементирањето на предвидените проекти: Иградбата на  кружниот тек на раскрсницата кај НУЦК „Марко Цепенков“, изградбата на катна гаража на паркинг – просторот зад „Леоне“ Изградба на спортска сала во ООУ „Блаже Конески“.
Продолжуваме, чесно и одговорно, да го направиме Прилеп поубаво место за живеење – соочувајќи се со предизвиците, а не избегнувајќи ги! Во најдобар прогресивен дух, покажуваме  решителност да создаваме, работиме и креираме! Прилеп со оваа локална власт на ВМРО ДПМНЕ, е на вистинскиот пат, да реализира успешни и конкретни проекти, со кои ќе ги подобриме условите за живот во заедницата, како за сегашните, така и за идните генерации. Преку, в заемна соработка, почит, поддршка и многу работа, на пат сме да создадеме и оставиме дела кои ќе бидат општо корисни и вредни за паметење. Веруваме во нашата енергија, знаење и квалитетно и одговорно работење. Верувам, дека граѓаните на Прилеп знаат кој работи и кој ќе работи во нивни интерес и наредниот период“. – истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, пред советниците, притоа честитајќи им ги новогодишните и божиќните празници, со желба идната година заедно да носат квалитетни одлуки во интерес на граѓаните на Прилеп.
На вчерашната 36-та и последна седница на Советот на Општина Прилеп во 2023 година, на дневен ред пред советниците се најдоа 24  точки,  меѓу кои програма за работа на Советот на Општина Прилеп за 2024, програма за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита на Општина Прилеп за 2024, програмите за економски развој, образование, животна средина, спорт и рекреација, културата, програми и правилници за наградувања на ученици, спортисти, наставници и воспитувачи за постигнати успеси и Акционен план за управување со отпад на локално ниво за 2024 и 2025 година, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот Јовчески.

Би можело да ве интересира

На програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“денеска,вторник, три претстави

Пензиите не може да се зголемат, платите на функционерите мора да се вратат – Институт за економски анализи

Плетварските алпинки и фризерскиот предизвик

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе