Рано утрово, по традиционалното пуштање на гулабите, во 07:00 часот и свечената божествена литургија, во 09:30 часот се положи светиот крстот и во фонтаната во дворот на црквата Св. Благовештение, по кој се фрлија 20-сет деца од 7 до 12 годишна возраст, меѓу кои и две девојчиња.
Најсреќен од пријавените скокачи, беше 12-сет годишниот Димитар Мицески, ученик во ООУ „Гоце Делчев“ кој прв пат влегува во осветените води на празникот Богојавление, среќен што го изваде крсот од осветените води на црквата. На настанот присуствуваше градоначалникот на Оптшина Прилеп Борче Јовчески, кој на среќниот момче му даде пригодни дарови.
Положувањето на крстот во светите води во Прилеп се вршеше на повеќе места. Голем број верници се упатија и на Плетвар , каде група млади луѓе традиционално неколку години , правејќи крст на езерцето кое е во близина на с.Плетвар, го извршуваат овој чин. во водата влегоа 140 пријавен,а над 1000 посетители беа дел на фрлањето на крстот во езерцето кај с.Плетвар
Централната манифесација во Општина Прилеп, чинот на положување на светиот крст во водите, на големиот празник, Богојавление – Водици, се одржа во базенот на хотел Салида, пред присуство на голем број верници кои оваа година масовно го посетија настанот. Најсреќен беше Влатко Орданоски, 24 годишно момче што живее и работи во Герамнија, кое оваа година го посетил родниот град токму за празникот и успеа од 124 фрлачи да го извади светиот крст од базенот,зашто доби пригони награди .
Освен во градот Прилеп, чинот на положување на светиот крст во водите во Општина Прилеп беше извршен и во петнаесетина населени места на територијата на општина Прилеп: Селце, Витолиште, Бешиште, Ново Лагово, Мало Коњари, Големо Коњари, Загорани, Алинци, Беровци, Клепач, Ерековци, Полчиште, Галичани, Чепигово, Подмол, Тополчани и Штавица.