7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Слатки соништа“ на Зоран Пиловски освои златна плакета од Хрватскиот фестивал на едноминутен филм

„Слатки соништа“ (Sweet dreams) на прилепчанецот Зоран Пиловски ја доби златната плакета на УНИКА на Хрватскиот фестивал на едноминутен филм кој од 24 до 27 мај се одржа во Пожега. Од вкупно пријавените 494 филмови од 44 земји „Слатки соништа“ влезе во потесната селекција од 60, за на крајот да успее да се наметне како највпечатлив за прецизното око на реномираното жири.
– Многу ми беше чест што присустував на овој фестивал. Честа за наградата е поголема што главен во жирито беше еден од најпознатите светски сценографи Алан Старски кој што е добитник на Оскар за филмот Шиндлерова листа, како и за филмот Пијанист. Ова за мене е едно големо искуство ја претставував Македонија на фестивалот, македонското знаме се вееше во Пожега, а уште повеќе што филмот стартува со Градскиот саат во Прилеп. Пресудно за добивање на наградата беше самата идеја што е основната насока од УНИКА. Во филмот кој вкупно трае 59 секунди основната идеја е сиромаштијата, вели Зоран Пиловски.
Инаку, посебната награда на УНИКА која ја доби филмот „Слатки соништа“ се доделува за промовирање на разбирањето меѓу народите и новиот начин на филмското изразување .
Хрватскиот фестивал на едноминутен филм е реномирана манифестација во светски рамки кој што годинава го имаше своето 26 то издание. Стручното жири на чело со полскиот оскаровец Старски, одлуќи за најдобар едноминутен филм да го прогласи “The Confession” од Чиле, а златна плакета освои американскиот филм Fathom од Џастин Плаес.

Би можело да ве интересира

Вечерва започнува МТФ „Војдан Чернодрински„ со концерт на Влатко Стефаноски

„Да, инспекторе, претстава со грешки“ – вечер, премиера во прилепскиот театар

Гордана Цветаноска

Балканот се прости од Горан Стефоновски, а прилпскиот татар со драма од Стефановски на гостување во Црна Гора

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе