29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Изложба „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи во Прилеп

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК “,Марко Цепенков” – Прилеп беше отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи.
Уметникот се претставува со  30 дела работени на картон и на алуминиумски лим.
Отворајќи ја изложбата м-р Каролина Мицевска, посочи дека на делата се насликани многу геометриски форми и симболи во боја, со најразлични мотиви-крстови, пејзажи, кочанско поле….
Уметникот Верговски посочи дека делата ги работел со претчуство дека ќе се случи голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.
Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони. Низ своето долгогодишно работно искуство како советник конзерватор дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство.

Би можело да ве интересира

Има ли полициско досие убиецот кој завчера ги уби таткото и синот Чупаркоски?!

Пела Редакција

Коњаницата пристигнува вечер во Крушево, почнуваат Илинденските чествувања

Пела Редакција

Насилството има име и треба да се пријави-„16 дена активизам против насилството“ (ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе