1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

„ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ изложбата со дела од доајенот на  македонското сликарство, Родољуб Анастасов

„ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ е изложбата со  дела од доајенот на  македонското сликарство, Родољуб Анастасов што беше отворена денeска ( 20.02 2024 г.)  во ликовната галерија од ЦК” Марко Цепенков” Прилеп, која содржи повеќе од 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022. На изложбата беа претставени  досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати.
Изложбата ја отвори кураторот Јасминка Намичева.
-Анастасов  успева да извади од својата меморија луѓе кои биле дел од неговиот живот.Суштината на ифејата е дека животот е минлива работа и дека човекот секогаш е прилагодлив на ситуациите и дека тоа остава трага врз сите нас – рече Намичева.
Изложбата, ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со неформалната мрежа на музеи Музеум Линк.

Осумдесет и осумгодишниот Анастасов е еден од најважните сликари во современата македонска уметност. Во 2009, Американскиот биографски институт го вброи Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21. век.

Анастасов во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 бил на робија на Голи Оток. По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје. Во 2011, Анастасов на Музејот на Град Скопје му подари збирка од вкупно 389 дела.

Би можело да ве интересира

И вечерва на МТФ „Војдан Чернодрински“ две претстави во конкуренција

Гордана Цветаноска

Пет Владици ќе ја одржат богослужбата на денот на „Три Светители, патрониот празник на бакалскиот еснаф во Прилеп

Елизабета Филипоска

Годишен концерт на Октет „Прилеп„ со убава староградска музика

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе