7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Донација од Дрекслмајер за Прилеп-специјално возило за превоз на лица со попреченост

Општина Прилеп ја доби донацијата од Дрекслмајер Македонија – специјално возило за превоз на лица со попреченост. Возилото е опремено со автоматска рампа за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со посебни потреби.

Специјалното возило ќе биде на располагање за потребите на сите лица и здруженија за лица со посебни потреби од општина Прилеп, а општината ќе се грижи за неговото тековно одржување и сервисирање. Со оваа донација целта е на граѓаните со посебни потреби да им се обезебeдат поголеми можности за вклученост во секојдневните процеси на општественото живеење.

„Можноста да создадеме подобри услови за лицата со телесен инвалидитет, подобрена социјална инклузија и да придонесеме за
подобрување на квалитетот на животот на оваа ранлива категорија граѓани не’ прави особено среќни. Важно е заеднички да делуваме и уште повеќе да ја развиеме свеста за потребите и предизвиците со кои овие лица се соочуват“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслер Мајер Македонија.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески изрази благодарност до Дрекслмајер затоа што компанијата во континуитет поддржува бројни проекти кои се особено значајни за развојот на заедницата. Ова е петто возило од ваков тип што компанијата го донира за лицата со посебни потреби во регионите каде што е активна, а исто така целосно опреми и неколку сензорни соби преку кои со помош на стручен кадар на дечињата со попреченост им е овозможена поголема инклузивност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Македонски Брод се подготвува за фестивал на отворено „SAMOKOV XTREME„ за промоција на алтернативниот туризам во Порече

Пела Редакција

Општините Прилеп и Кривогаштани се подготвуваат за Водици

Елизабета Филипоска

Опожарено уште едно патничко и товарно возило во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе