11.1 C
Прилеп
понеделник, 17 март, 2025
Пела Радио

Доживотна казна затвор, за првпат изречена во историјата на прилепското судство

Доживотна казна затвор доби Никола Петрески ( 52 г), обвинет за двојното убиство кое се случи минатата година (11 јануари 2020) на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп. Тој во раните утрински часови, насилно влегол во домот и ги убил сопругата и нејзината мајка, а го ранил и братот на сопругата.

За прилепскиото основен суд ова е прв случај на донесување одлука “доживотна казна затвор“

Во текот на вчерашниот ден во Оносниот суд во Прилеп ја заврши расправата по обинителниот акт против Никола Петрески од Прилеп по 4 основи: убиства, семејно насилство и две убиства во обид. Судот при донесувањето на одлуката, согласно одредбите од член 39 од КЗ ги ценеше сите околности кои се од влијание за донесување на една ваква пресуда, при што посебно земени се отежнителните околности и тоа видот и карактерот на кривичните дела за кои се товари обвинетиот, бројот на сторените кривични дела, начинот на сторување на истите. Ваков вид на кривични дела во последно време се во подем, гледаме и слушаме за случајот со Смилковско езеро и други такви случаи. Потоа општествената опасност за ваквиот вид на кривични дела каде како објект на заштита е животот на човекот. Врз обвинетиот, заради утврдување на неговата психичка состојба и пресметливост во текот на постапката, извршено е и психијатриско вештачење при што е утврдено дека во време на сторувањето на кривичното дело истиот бил пресметлив“,- изјави судијата Жарко Велески, портпарол на Основен суд Прилеп.

Судењето го водел судијата, Љубен Биноски. Обвинетиот моментално се наоѓа во притор во затворот во Скопје и притворот му е продолжен се до започнувањето на издржување на казната затвор. Осудениот има право на жалба до Апелациониот суд во Битола

Оваа убиство, тогаш, ја згрози прилепската јавност, бидјеќи убиените важеа за чесни и мирни луѓе. Поради нарушени брачни односи сопругата на обвинетиот се преселила да живее кај својата мајка. Обинетиот тоа утро (околу 8 ч) со пиштол,насилно, влегол во куќата и започнал да пука при што веднаш ги убил сопругата и нејзината мајка, а го ранил братот на сопругата, кој само пред неколку дена бил вратен во Македонија од САД за да прави крштевка за своетот дете. Во обид да го совлада убиецот, братот со тврд предмет му нанел повреди на главата на убиецот, при што, по пријавата од соседите, двајцата повредени беа пренесени во прилепската болница. Убиството било извршено, за жал, пред очите на малолетениот 10 годишен син на убиецот, кој бил присутен во домот кога се случило убиствот на неговата мајка и баба.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Локализирани двата пожари во крушевско

Гордана Цветаноска

Пукање, апсење пред прилепскиот пазар – сопственик на „дива„ тезга се обидел да ги прегази полицајците

Елизабета Филипоска

И, модуларната болница во Прилеп се полни – засега имунизирани над 350 лица

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе