16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Изложба на дигитални фотографии „Божури“ на Темелкоски

Изложба на дигитални фотографии „Божури„ од Милан Темелкоски ќе биде отворена на 5 април 2024 /петок/ од 13 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Милан Темелкоски ќе се претстави со 23 фотографии, на кои се претставени
божури.
-„Божурите“ се фотографирани на Плаошник, Охрид во 2010 година. Се работи за постари фотографии во боја. Инспирацијата за создавање на фотографиите беше слика од уметникот Кирил Гегоски, која исто носи наслов „Божури“ изработена 1993 година. Кога
ги видов божурите ме поттикнаа и ги реализирав фотографиите – вели Темелкоски.
Милан Темелкоски со фотографија се занимава од 1980 година. Досега има реализирани неколку изложби на фотографии.

Би можело да ве интересира

Изложба и каталог на ретки и стари книги, големо зачувано богатство во прилепската библиотека

„Педали и приказни“ на плоштад во Прилеп: музика, возење велосипед, проекција на филмови

Над 1 100 барања доставени во Општина Прилеп за проценка на штетите од невремето на 23 јули

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе