7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

( ВИДЕО ) „Ја грабнав за уши, ја држев така, не знам колку време, сакаше да ме фати за стомак„ раскажува Цане Србиновски (61) од с. Дреновци кој беше нападнат од мечка

Цане Србиноски (61) од село Дреновци, Општина Долнени, пред четири дена доживеа и преживеа напад од мечка од која, како што вели во разговор со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, успеал да се одбрани. Мечката го напднала на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка во неделата. По два Србиноски  бил пронајден од неговите блиски од семејството , на местото каде што ги чувал кравите и каде што престојувал во инпроцизиран објект – колиба и  бил пренесен во болница во Велес, од каде што по укажаната медицинска помош и давање соодветни медикаменти, бил пуштен на домашно лекување.

 

„Едно време сакаше да ме фати за стомак. Господ ми даде сила. Не знам како, ја грабнав за уши. Ја држев така, не знам колку време, може половина саат да беше. Не знам точно. Се уплашив и така ја држам, ја држам и Господ ми даде некоја сила, не знам како и ја турнав со рацете. Кога ја турнав така, одма станав и заминав до колибата и тогаш нозете ми се здрвија. На сам ден Благовец, вечерта ги терав говедата кон трлото и кога тие одминаа јас со малите телиња одев позади и подвикнував по нив. Потоа одеднаш излезе пред мене мечката и ме фати за левата нога и јас паднав на грб. Преку чизмите што ги носев ме фати за ногата“,раскажува Србиноски.

Во еден момент, Србиноски, како што објаснува, се нашол под неа, но не може да си објасни како успеал да се оттргне од мечката.

Со десната нога ја удрив по муцката и ми ја пушти ногата. Но, веднаш ме фати пак за левата нога, а со шепата ме фати за десната нога и имам мала рана“, рече Србиноски кој ќе мора да се подложи на хируршка интервенција.

Запрашан дали мечката била голема, тој рече дека не може со сигурност да каже колкава била оти не ја видел убаво.

По разговорот со Србиноски, директорот на ЦУК, Ангелов, рече дека работат на решавање на проблемот со мечките, за кои тој вели дека во последните години ги има сè повеќе.

„Работиме на решавање на проблемот со мечките. Во последните години нивниот број е зголемен. Мечка што нападнала човек треба да се отстрани бидејќи може повторно да нападне. Ние ги сакаме мечките, но повеќе ги сакаме луѓето“,

Присуството на мечки во непосредна близина на населени места беше честа појава во 2023 година. Тоа беше причина за Општина Маврово/Ростуше да се обрати до владата со барање за прогласување на вонредна состојба на целата територија на локалната самопуправа.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Успешно спасени две туристки од Полска, кои паднаа во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Елизабета Филипоска

Апел за помош за гаснење на пожарот кој се шири од с. Мало Рувци кон село Штавица

Пела Редакција

Нема поголема битка, од битката за своето дете! Донација за Матеј на следните броеви

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе