16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Дел од улицата „Кузман Јосифоски“ и паркингот кај Цепенков затворена за сообраќај-се реконструира водоводната мрежа

Од денеска дел од улицата Кузман Јосифоски во непосредна близина на ЦК Марко Цепенков е со изменет режим на сообраќајот заради градежни работи, при што нефункционален е и јавниот паркинг. Во тек се активностите за промена на водоводна мрежа на дел од улицата од кружниот тек кај Цепенков. Станува збор за проектот – промена на водоводна мрежа од јазол на Бул. “Гоце Делчев” со улица “Кузман Јосифоски” (бр. 1-55) до јазол на улица “Кузман Јосифоски” со ул. “Ленин” (бр. 1-72) – фаза Хидротехника.

Еден дел од улицата во должина е прокопана, при што за сообраќај е дозволен пристап само за станарите од улицата. Екипите од денеска работат на поставување на нова водоводна мрежа.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски им се извини на граѓаните за оваа градежна активност која го спречува регулираниот текот на сообраќајот во централното градско подрачје, но потенцира дека изведбата ќе трае околу 60 тина дена.

„Станува збор за главен транспортен цевковод кој носи вода од резервоарот во Варош, што ја прави оваа инвестиција особено важна за стабилното водоснабдување. Ќе се реконструира околу 300 метри главна водоводна линија со профил Ф-315, како и дополнителни 140 метри секундарна мрежа, на која ќе бидат поврзани куќните приклучоци на жителите. Со овој зафат решаваме долгогодишен проблем на граѓаните. Во рамки на проектот, старите и дотраени азбестно-цементни и метални (цинкувани) цевки се заменуваат со нови, современи полиетиленски цевки, со што значително се подобрува квалитетот и сигурноста на водоводната мрежа.“ истакнa градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски кој беше на терен на старото на градежната активност.

Од ЈКП Водовод и Канализација-Прилеп велат дека со овој зафат ќе се овозможи не само поквалитетно водоснабдување, туку и можност за одржливост на еден од главните цевководи во овој дел од градот.

„Постојната водоводна линија поминуваше низ приватни имоти, што создаваше сериозни потешкотии при интервенции и одржување. Со овој зафат ова ќе биде анулирано“,  истакна директорот на ЈКП Водовод и Канализација- Прилеп, Ѓоко Јочкоски.

Овој проект е дел од владината финансиска помош за која Општина Прилеп аплицираше на вториот јавен повик од Министерството за локална самоуправа за финансирање на инфраструктурни проекти и чини околу 6 милиони денари.

Би можело да ве интересира

ПО ЕДЕН ВЕК ФРАНЦИЈА СЕ ПОКЛОНИ НА ДЕЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ОНКОЛОГ Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ

Земјоделците ги отфрлаат обвинувањата за партиска поврзаност на протестите

Муслиманите започнаа со славење на Рамазан – време за пост, богослужба и милосрдие

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе