2.1 C
Прилеп
четврток, 21 ноември, 2024
Пела Радио

Проданоски: на денот на изборите бидете храбри и одлучни!

Пред почетокот на изборниот молк за Претседателските избори 2024, денеска на прес конференција Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп ја побара поддршката од граѓаните за кандидатката за претседател Гордана Силјаноска Давкова (коалиција „Твоја Македонија):

„Се наоѓаме пред исклучително важен момент за нашата држава, кога заеднички треба да донесеме одлука, дали Македонија ќе биде повторно горда и достоиствена, или ќе дозволиме да ја доуништат оние кои во измнативе 7 години, освен за сопствените џебови, не сработија ништо добро за народот.

Поддршката дадена за број 2 и професорката Гордана Силјановска Давкова, е поддршка за нејзината визија и програма, поддршка за да застане вистински професионалец на чело на државата, докажан со сето свое знаење, квалитет и капацитет. Време е да избереме дали сакаме промени, или сакаме и понатаму да тонеме во хаос и безредие, кои благодарение на СДС и ДУИ станаа секојдневие.

Во текот на целата кампања, можевте да видите кој настапува со добра мисла и искрена намера, а кој во недостиг на вештини и знаење, се служеше со навреди и говор на омраза.

За време на секојдневните средби со вас, жителите на Општина Прилеп и населените места, добивме огромна и безрезервна поддршка. Убеден сум дека таа поддршка ќе се преслика и на изборите во среда.

Граѓаните многу добро го препознаваат концептот што значи развој просперитет, реални мерки и решенија кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова, наспроти безидејноста и лагите, кои ги нудат СДС и останатите кандидати.

Драги сограѓани,

Ве повикувам во среда, во една мирна атмосфера, да излезете масовно и да гласате за број 2. Не дозволувајте вашето седење дома да биде злоупотребено и искористено од СДС и ДУИ.

Ве повикувам да гласате за број 2 и кандидатот за претседател и иден претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Бидете храбри и одлучни, не подлегнувајте на никакви притисоци, закани, поткуп и уцени. Помина нивното време. Зад параванот сте само вие и вашето право на избор.

Број 2 за Република Македонија да биде повторно во ваши раце. Број 2, за Гордана Силјановска Давкова, број 2 за Македонија да биде повторно горда, “ рече Проданоски.

Би можело да ве интересира

Тутунари: Бараме достоинствен живот, цела година работиме, за некој, на кантар, по наредба за 20 минути, да ни ја одери кожинката!

Гордана Цветаноска

По случаен избор и со согласност на родителите ќе се тестираат учениците за коронавирус

Елизабета Филипоска

Прилепската болница вклучена во INTERCOVID студијата на Универзитетот во Оксфорд

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе