24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Билјана Тинтоска на 14 ти мај го промовира најновиот роман „Симфонија“

На 14 мај во 19 ч. во холот на СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп ќе се одржи промоција на новиот роман ,,Симфонија” на прилепската писателка Билјана Тинтоска. Промотор е Габриела Стојаноска Станоеска, рецензент Жанета Видеска. Модератор на промоцијата е Лидија Ристеска.  Тоа е четврт по ред роман на Тинтоска која на читателската публика се претстави со првенчето „Овде или во вечноста“, а потоа следеа романите „Ангел во тело“ и „Каде што реката го бакнува небото“ и збирката раскази „Работилница за живот“ .

„Синфонија“ е роман посветен на длабоките чувства и поврзаноста со предците, со духовното наследство, како човекот се справува со болката по загубата на најблискиот, како се дели радоста со другите…

Билјана Тинтоска е професор по македонски јазик во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп. Ментор е на драмската секција во училиштето, голем вљубеник на книгата и одличен познавач на пишаниот збор, која со литература се занимава од нејзиното детство.

Би можело да ве интересира

Со голем ентузијазам се твори на ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025

Пела Редакција

Господин ми одоговори на некои логични неодговорени прашања

Пела Редакција

Шестмина повредени во сообраќајка кај Тополчани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе