Вечерва ( 02.05 2024) на сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе биде изведена претставата „Хамлет“, во режија на Бранко Брезовац. Претставата се најавува како „жестока колективна игра на цврста актерска екипа и заедничко уметничко разбирање!“
По премиерата на претствата на 20 ти октомври, ова е нејзина следна изведба во прилепскиот театар.
Во претставаат играат: Зоран Иваноски кој го игра Хамлет, Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански и Ана Митоска.