2.2 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Велики петок најтешкиот празник во православниот свет

Преку страданието исусово  православните христијани доаѓаат до Велигденот, односно воскреснувањето. Денеска на Велики Петок, верниците ги посетуваа црковните храмови во Прилеп и се поклонуваа  нa светата Плаштеница.

Велики петок (уште нарекуван и Распет петок) се смета за најтежок празник во христијанската религија. Настанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување на крстот.

Крстот уште бил нарекуван и срамно дрво, затоа што распнувањето на него била најтешката и најсрамната казна во времето на Римската империја

 

Црквата го споменува Велики четврток како денот кога започнува предавството на синот божји, Исус Христос.

Поткупен од страна на гувернерството на Понтиј Пилат, апостолот Јуда за грст сребреници го предал Исус, по што бил распнат на крстот.

Ова е воедно последна недела од велигденските пости. Чествување на најголемиот христијански празник Велигден започнува од денот Велики четврток.

Велики петок се смета за најтежок празник во христијанската религија.

Овој ден се празнува со читање извадоци од евангелијата кои ја опишуваат неделата на страдањата на Синот божји, наместо со свети литургии.

Во сите храмови ќе се изнесе на поколение плаштеницата (покровот) што го симболизира симнувањето од крстот на телото Господово.

Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се бакнува до денот на неговото воскресение

Православниот канон за Велики петок предвидува најстрог пост со вода, а многу верници на овој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. Ова важи за сите освен за немоќните и престарените, а покрај постот не се работи и никаква работа.

Камбаните не се огласуваат сè до недела, кога за првпат ќе удри ѕвоното за радоста на Христовото воскреснување.

Би можело да ве интересира

Дали има дискриминација на жената во руралните средини?

Гордана Цветаноска

Учениците сами го разгазуваа снегот на тротоарите

Елизабета Филипоска

Во храмот Параклис ќе бидат изложени моштите на Св. Климент Охридски и Св. вмч. Пантелејмон

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе