7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Промовирана ,,Ароматична градина Чопела” и нов зачин од проектот „Екпедиција на природата“ во СОУ „Орде Чопела“

Проектот „Експедиција на природата“ (Nature expedition) е најновата иницијатива во која се вклучи СОУ „Орде Чопела“ Прилеп. Активностите се во одвиваа во повеќе етапи, а целта на проектот е дополнителна еколошка едукација на учениците и развивање на претприемачките вештини. Проектот е под покровителство на Словачката Амбасада во Македонија.

Во првиот дел кој се одвиваше минатата година, учениците презентираа свои истражувања за ендемичниот диверзитет во прилепскиот регион, презентираа дел од историското и културно минато на Прилеп преку куќите во Прилеп и нивните обележја, геолошкиот диверзитет на Прилеп, изработија терариуми со сукуленти, екстрахираа зачински растенија и изработија масла од нив и на крај, посадија семки од различни растенија.
Во втората етапа во март месец, учениците ја научија техниката на изработка на мозаик од прилепскиот мермер и другите минерали во прилепскиот регион, посочи Тереза Златеска, директор на СОУ,,Орде Чопела“ Прилеп.
Денеска беа претставени сите активности преку завршен настан во кругот на училиштето, како заокружување на целото патување со изработка на мермерна градина со цветни и зачински растенија како и зачинот од ароматични и зачински растенија ,,Ароматична градина Чопела” кој ќе биде заштитен знак за училиштето СОУ,,Орде Чопела“.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа на патот Крушево-Кривогаштани, загинаа жена и малолетник

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (43)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (38)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе