11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Прилепчани се’ побројни на блокадите, не се откажуваат од правото на чиста животна средина!!!

Ова е ендемскиот вид на пеперутка Македонска Сивка или Чингова Окатка. Таа за свој, го има домот на карпестите ридови на Плетвар,  мирот и прекрасниот предел кај селата Оревоец, Присад и Плетвар чие што живеалиште денес е токму таму каде што сега работат машините за ископ на градежен материјал на Бехтел и Енка. Нели е прекрасна ?

 

 

Во таа природна околина, таму под пазувите на Бабуна планина се и единствените природни четирите извори на питка вода во прилепско: Пашовски ливади, Лековски извори, Пештерички извори и Изворот Душница, од каде што од два од нив се снабдуваат жителите на Прилеп и на селата Оревоец и на Плетвар.

А ова е денес НОВАТА „ПРИРОДНА СРЕДИНА“ во која се приморани да живеат и луѓето и пеперутките, а дел од шумата на Плетвар веќе е соголен за да врши ископ на градежен материјали за потребите при изградба на патиштата од коридорите 8 (делница Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга-Ќафасан) и 10 д (делница Прилеп-Битола).

(Видеото е аматерско, Бехтел и Енка не дозволуваат новинарски екипи да имаат пристап до базата каде што се врши ископ)

Мештаните и прилепчани секојдневно протестираат бидејќи се загрижени и револтирани од активностите на ископ на каменот. Велат дека експлоатација на камен, ќе ги загрози и уништи растителниот свет и природната средина во која се единствените извори со вода. Куќите во Оревоец веќе трпат штети од минирањето. Блокадите на приодот кон  каменолом крај Ореовец се целодневни, започнуваат од 6 и 30 изутрина секој ден.

Се наоѓаме на раскрсницата на локалниот пат за село Оревоец и село Плетвар, позади нас се наоѓа ископот кој го отпочна Бехтел и Енка, врз основа на законот за утврдување на јавен интерес. Како жители на овие населени места во изминатиов период се соочуваме со сериозно загрозување пред се на нашата безбедност, сериозно загрозување на животната средина, живиот свет, растителниот свет, водата и почвата. Позади нас во пазувите на планината Бабуна се наоѓаат 2 од 4 извори за питка вода од кои општина Прилеп се снабдува со вода и од кои се полнат резервоарите за снабдување со вода во селата Оревоец и Плетвар. По отпочнување на гражните активности патот кон село Оревоец и Плетвар е буквално девастиран со тешка механизација. Изведувачите, Бехтел и Енка, го раскопаа и постоечкиот пат и истото претставува опаснот и сообраќајниот режим е целосно загрозен и се доведува во опасност нормалното функционирање на сообраќајот на овој предел. Како урбана заедница до денес воспоставивме контакт со локалната самоуправа која е инволвирана и согласно законот и понатаму ќе биде инволвирана во реализација на овој проект. Од страна на градоначалникот ни беше ветена поддршка по сите можни активности кои се во надлежност на локалната самоуправа дека ќе бидат преземни експедитивно.

Запознати сме и тоа дека од страна на Државниот инспекторат за техничка инспекција и Државниот инспекторат за животна средина е излезено на терен, извршен е вонреден инспекциски надзор и констатирани се бројни незаконистости во работењето и активностите на Бехтел и Енка при реализацијата на овој проект во овој предел. Од наша страна во тек е подготовка предлог за обезбедување на докази кој ќе биде доставен од урбаната заедница и жителите на село Оревоец до Основен суд Приеп за да се фискира фактичката состојба на лице место, а воедно ќе се бара и времена мерка за забрана за активностите кои во изминатиов период се случуваат тука.

Се вршеа и минирања на ископот кој го гледаме позади нас и кои предизвикуваат потреси и оштетување на статиката на недвижниот имот со кој што располагаат жителите. Се дига прашина која ја загрозува и животната средина. А воедно да напоменеме дека во овој предел се наоѓа и еден редок вид на пеперутка кој е заштитен и од домашните и од меѓународните органзиации за заштита на животната средина. Сметаме дека на ваков начин со одржување на секојдневни протести можеме да го спречиме изведувањето на овие штетни активности од страна на Бехтек и Енка се до донесување на соодветна одлука.

Очекуваме дека државните органи како што се Јавното претпријатие за државни патишта за кое имаме сознание и добивме известување од Министертсвото за економија дека поднело барање за концесија за овој реон, село Оревоец, каде што се вршат ископите и симптоматично е тоа што барањето е поднесено за издавање на концесија за ископ на мермер. Она што сите го знаеме и она што јас како адвокат го истражував е тоа дека ниту еден проект не вклучува материјал мермер за изградба на патишта. А концесијата е побарана токму за ископ на градежен материјал мермер. што за потребите на оваа делница сметаме дека во проектот ниту е предвидена и има друга од онаа за која што е донесен законот за утврдување на јавен интерес за реализаицја на овој проект.

Ние и понатаму продолжуваме со протестите, ќе го спречиме ваквото дивеење од страна на Бехтел и Енка и апелираме до државните органи час поскоро да преземат одредени мерки за да го спречат ваквото уништување и на животната средина и загрозувањето на сигурноста на жителите на селата Ореовец, Плетвра и Крстец“,  истакна Жарко Стеваноски, адвокат и жител на село Оревоец.

Жителите и прилепчани се организираат на социјалните мрежи обидувајќи се да го свртат вниманието на институциите и на македонската јавност да се запрат активностите на Бехтел и Енка кои ја уништуваат природната средина, го реметат мирот, им прават штета на нивните домови и викендици, го уништуваат селскиот пат…

Протестите продолжуваат ….прилепчани не се откажуваат од основното човеково право на здрава животна средина.

 

 

Би можело да ве интересира

Фестивал на пиперката во Кривогаштани

Пела Редакција

Актуелниот градоначалник на Прилеп ја доби поддршката од своите сопартици за кандидат за градоначалник на локалните избори

Елизабета Филипоска

Железничкиот премин го блокира патничкиот сообраќај во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе