6.8 C
Прилеп
среда, 4 декември, 2024
Пела Радио

МТФ „Војдан Чернодрински“ 58. издание – ова е програмата

Програмата за 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп, под мотото „Промени се, промени сè“, денеска е официјално објавена.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 7 јуни (петок) со изложбата „Горан Стефановски и книгите“ во Градската библиотека „Борка Талески“ со почеток во 19 часот, а веднаш потоа ќе следи премиерата на драмата „Хеда Габлер“ во изведба на Драмски театар – Скопје.

Годинешната програмата „Ново читање“ именувана од уметничкиот директор Ана Стојаноска, опфаќа две потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“.

За време на фестивалот ќе се одржи еден ден комплетно посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Во рамки на фестивалот ќе бидат одржани неколку работилници и промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Билетите за сите претстави ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 1 јуни.

Би можело да ве интересира

(ГАЛЕРИЈА) Пивофест- прва вечер: Дани, Бени, Зен и Џајковски

Гордана Цветаноска

Што им е потребно на младите во Општина Кривогаштани?

Гордана Цветаноска

Семејна драма во Лажани: И го одзел детето и не сакал да ѝ го врати на мајката

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе