12.3 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) СОУ „Ристе Ристески Ричко“ широка лепеза од струки, занимања и професии за идните средношколци

Професори и ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп во програмата „Радио што се гледа“ ги презентираа можностите на овој средношколски центар со повеќе деценска традиција во креирање на високопрофилни стручњаци, занаетчии и професионалци. На располагање на деветтоодделенците им се широка лепеза од занимања, 5 сектори кои содржат струки барани на пазарот на трудот. Без оглед дали идните средношколци ќе се одлучат за технички струки – електро или машинство, за шпедиција, за графичарство, за спортска гимназија -СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп обезбедува оптимални услови за едукација, креативност и спроведување на напредни нагледни средства согласно технолошкиот развој. Дуалните паралелки се атрактивни бидејќи обезбедена е стипендија за учениците, но и евентуално вработување по завршувањето на средното училиште.

 

Во студиото на Радио Пела разговаравме со две групи на професори и ученици: Виолета Секулоска, професорка во сектор транспорт и складирање, Жана Дисоска, професор во спортска гимназија, Александар Костадиноски професор во сектор графичарство,  ученичките Меланија Мицкоска, ученичка во графичката струка, Теа Настоска, ученичка во Спортската гимназија, Мартина Најдоска, ученичка во сектор транспорт и шпедиција, како и Дејан Петкоски, професор електротехничка струка – сектор електротехника, Давид Јорданоски ученик, како и  Гордана Насеска професорка во сектор машинство и Давид Митрески, ученик.

Уписите во рамките на првиот рок започнуваат од 20 ти јуни и ќе траат заклучно со 25 ти јуни.

Би можело да ве интересира

Левица ја оспори пред Уставен владината одлука за изградба на ветерни и фотоволтаични централи кај Студенчица

Гордана Цветаноска

СВЕТЛАНА МИШЕВА ОВЕНЧАНА СО „ЗЛАТЕН ПТОЛОМЕЈ“ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ХОЛАНДИЈА

Пела Редакција

Во Прилеп одбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз – Тито

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе