14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Се подготвува меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Од 29 август до 1 септември ракометниот клуб „Прилеп“ ќе го организира 9 то издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, што се игра во чест на некогашниот македонски репрезентативец, Миле Нешкоски. И, повторно, прилепските и македонските љубители на ракометот, и оваа година, ќе имаат можност да уживаат во интересни натпревари.

Покрај домаќинот на  турнирот ќе играат уште три екипи од Македонија и две странски: екипите на Куманово, Охрид и Тиквеш, како и српскиот тим Врање и грчкиот ПАОК.

Групите, како и распоредот на натпреварите на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе бидат познати дополнително.

Би можело да ве интересира

Снегот ги одложи фудбалските натпревари во Прилеп

Елизабета Филипоска

Каратистот Златко Димоски – тренер на австралиската репрезентација

РК Прилеп декласиран од Еурофарм Пелистер со 46:24 (23:16)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе