12 C
Прилеп
четврток, 3 април, 2025
Пела Радио

Започнаа разговорите за откупната цена на јачменот и пченицата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржал работна средба со млинарите и откупувачите на јачмен и пченица. На средбата се разговарало за откупната цена на јачменот и пченицата, но и во која насока ќе се движи откупот на житните култури.

– На самиот почеток на откупот на јачменот и пченицата остварив состанок со производителите  и со откупувачите на јачмен и пченица се со цел изнаоѓање на прифатливо решение за откупната цена која што ќе биде во корист и на производителите, но и на откупувачите, изјави Трипуновски.

Министерот Трипуновски информирал дека веќе во понеделник е закажана уште една средба каде што дополнително ќе се разгледаат можностите за изнаоѓање на идеално решение за годинешниот откуп на јачмен и пченица.

 

Би можело да ве интересира

БЕХТЕЛ и ЕНКА бара 4.000 градежни работници од Македонија

Пела Редакција

Се слави Денот на словенската писменост

Елизабета Филипоска

Денови на Крали Марко

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе