18.8 C
Прилеп
четврток, 11 јуни, 2026
Пела Радио

Приведени двајца во Прилеп без возачки дозволи, едниот бил пијан и се обидел да избега

Две пријави од реализирани сообраќајни контроли во Прилеп на прилепската полиција: возач кој што под дејство на алкохол управувал автомобил без возачка дозвола и се обидел да избега, како и возач од Скопје кој не поседувал возачка дозвола:

На 19.05 2026 во 23:45 часот на ул.„Кораб“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.А.(45) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, при што тој за зголемил брзината и се обидел да побегне, но набргу бил запрен. По извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 19.05.2026 во 17:20 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.П.(34) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео” со скопски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Турски инвеститори заинтересирани за вложување во општина Новаци

Останаа уште финесите до стартот на Пивофeст 2018

Во двор во Канатларци пронајдени 50 рачни бомби од Првата светска војна

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе