7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Клетници“ од прилепскиот театар, најдобра претстава на 53. МТФ „Војдан Чернодрински“

Претставата „Клетници“ на прилепскиот народен театар е најдобрата претстава во целина на годинашниов 53. МТФ „Војдан Чернодрински“, соопшти фестивалското жири на денешната прес-конференција.
Воедно, претставата „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски се закити со уште три награди: за главна женска улога за актерката Ангела Наумоска, за Горјан Милошевски за современа сценска драматизација на романот „Клетници“ и награда за музика за групата „Фолтин“.
Жирито во состав Мими Таневска Србиновска, претседател и членовите Јасна Новаков и Драган Спасов-Дац наградата за најдобра режија му ја доделија на Диего Де Бреа за претставата „Крал Лир“ на турскиот театар, а наградата за најдобра машка улога ја понесе Сашко Коцев во претставата „Ничија земја“ на МНТ од Скопје.
МТФ „Војдан Чернодрински“ своето 53 издание го завршува вечерва со доделување на наградите на сцената од Центарот за културата „Марко Цепенков“ кога во чест на наградените Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Не сега драга“.

Би можело да ве интересира

На 11ти јули концерт на „LOCKDOWN“ со екс-ју хитови на камената бина во Прилеп

110 години од раѓањето на Кераца Висулчева

Гордана Цветаноска

Изложба која не треба да се пропушти

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе