Македонското знаме го поставија ученици од географската секција „Млади ентузијасти“ од прилепското ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, при нивниот подвиг за искачување на највисокиот врв во Македонија, Кораб, во рамките на проект за запознавање на Македонија.
Но, извесен, Изет Шулку, пред два дена на социјалната мрежа Фејсбук објави видео на кое се гледа како го симнува знамето на Македонија и го менува со знамето на Албанија. Тој на својот ФБ профил покрај видеото напишал „Кораб е албански и таму нема место за македонското знаме„, На видеото се гледа како Шулку е качен на знакот каде е одбележан највисокиот планински врв во Македонија и го вади знамето на Македонија.
На прашањето на медиумите до МВР , за инцидентот со симнувањето на македонското знаме од врвот на Кораб оттаму изјавуваат: “Преземени се мерки од Одделот за компјутерски криминал и утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот“