Многу советнички прашања до градоначлникот и раководителите на јавните претпријатија беа упатени на денешната 45 седница на Советот на општина Прилеп, со која претседаваше за прва пат новата претседателка на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, кој ја започна седницата, токму, со „советнички прашања“.
Советниците од опозицијата по првата точка од дневниот ред бараа одговор: Зошто не е извршена дезинфекцијата до предвидениот рок? Зошто сите ученици не добиваат бесплатен оброк, туку само дел? По кои критериуми се избира организаторот на манифестацијата на пивото 2024? Прашања упатени за потребата од реконструкцијата на порковските површини, спортските терени и комплекси, за состојбата со јавното осветлувањето на градот, за состојбата со хигиената на градот и кучињата скитници… за тоа до каде се активностите за изградба на фабриката за селекција на отпад ? До каде е изградбата на детската градинака во нас.Точила ?- на кој одговараше градоначалникот на Прилеп , Борче Јовчески кој беше присутен на седницата и раководителите на јавните комунални претпријатија.
СИТЕ СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ од ЛИНКОТ кој следи:
На денешната седница беше прифатен предложениот локалитет за организирање на фестивал на пивото 2024 година и беше прифатена предлог -одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за два часа во траење од три дена, за време на одржувањето на фестивалот.
Поради промената на советничкиот состав на денешната седница беа направени промени на членови за: комисија за родова еднаквост, комисија за изработка на програма за работа на Советот на Општина Прилеп за 2021-2025 година, комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата, комисија за мандатни прашања, комисија за финансирање и буџет и комисија за статут и прописи.
Со мнозинство на гласови бше усвоен тримесечниите извештаи за финансиското работење на ЈП за ПУП за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година. ,а именувани и претставници на Општина Прилеп во училишните одбори во: ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, ООУ “Круме Волнароски” с.Тополчани – Прилеп, ООУ,,Страшо Пинџур’’- с. Мало Коњари – Прилеп, OОУ,,Кире Гаврилоски-Јане’’- Прилеп, и дадена согласност за дополнување на Статутот на ООУ ,,Блаже Конески’’- Прилеп.