4 C
Прилеп
вторник, 26 ноември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп ќе продефилираат 50 гајдаџии – 50 години од Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Јубилејниот 50 ти фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ започнува в петок на 5 јули во Прилеп, а в сабота на 6 јули се одржува на Рудина во Долнени. По повод големиот јубилеј на Фестивалот, в петок по Булеварот во центарот на Прилеп ќе дефилираат 50 гајдаџии од сите краишта на Македонија.

Во рамките на Фестивалот, денеска почнува и Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Годинава ги изучуваат 12 млади, вљубеници во изворниот мелос, а предавачи на Семинарот се професор д-р Родна Величковска, која е и уметнички директор на Фестивалот, професор д-р Горанчо Ангелов, доцент д-р Стојанче Костов и м-р Горан Василески. Семинарот се одржува по 13-ти пат и досега учествувале преку 130 млади од земјава и странство кои го изучувале изворниот мелос.

Симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“ се одржува в петок и воедно издава и зборник со научни трудови од истражувањата на еминентни етномузиколози, етнокореолози за богатото фолклорно наследство. Во чест на јубилејот ќе биде промовирана и монографијата 50 години Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ – „Непресушен извор, за навек“ од новинарот Елизабета Митреска.

-Фестивалот, од смотри прерасна во национална манифестација која пет децении успешно го зачувува, го негува и го пренесува на новите генерации богатото фолклорно наследство. Фестивалот го носи името на идејниот творец, големиот гајдаџија и светски промотор на фолклорното богатство, Пеце Атанасовски. Во пет децении на Фестивалот учествувале преку 15 000 изведувачи на народни инструменти и песни од Македонија и од странство, вели Горан Василески, претседател на Фестивалот.

На фестивалот учествуваат околу 250 изведувачи. Во чест на јубилејот, на првата фестивалска вечер, на камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп ќе настапи и националната институција „Танец“. Во рамките на Фестивалот в сабота во Спомен-куќата во Долнени ќе биде потишан меморандум за соработка на Фестивалот со КЕЦ „Небрегово“ и со Манифестацијата „Зборникот на Конески“.

Би можело да ве интересира

Пачешкоски: За 10 дена издадени 4 600 „бели картони“ во Прилеп и Кривогаштани

Полицаец спаси жена од водите на Крушевско езеро

Пела Редакција

Градскиот пазар во Прилеп,в понеделник – 23 ти март, нема да работи

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе