7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Комеморација на Германските гробишта во спомен на загинатите руски војници од Првата светска војна

Денеска 1 август, е ден кога Русија го одбележува Денот на сеќавањето на руските војници кои загинале за време на Првата светска војна, која се смета за прва трагедија на човештвото на глобалното ниво.

По тој повод во организација на Амбасадата на Руската федерација во Македонија и на Македонско руско друштво – Прилеп, со пригодна церемонија и со панихида, во спомен на загинатите руски војници, на Германските гробишта во Прилеп беше одбележана годишнината од почетокот на Првата светска војна, односно oд влегување на Русија во таа војна.

По тој повод делегација од  Амбасадата на Руската федерација во Македонија, Македонско руско друштво – Прилеп и од Општина Прилеп, положија свежо цвеќе и им одадоа почит на загинатите руски војници.

Пред присутните се обрати амбасадорот Сергеј Баздникин, кој посочи дека одбележувањето на Денот на сеќавањето е по десетти пат, откако е поставено спомен обележјето и дека крвавиот конфликт во Првата светска војна одезел животи на осум милиони војници.
Војниците покажае одважност и храброст. Пет илјади руски војници загинале во битките на македонската земја. Десет од нив се погребани на овие гробишта. Вечна им слава. Се свртуваме кон историјата од Првата светска војна да потсетиме на тоа колку разорни се поделбите на алијанси и од политиката на конфронтација – рече рускиот амбасадор, Баздникин посочи при тоа дека Русија цврсто ќе ги брани своите интереси и ќе направи се за сигурно обезбедување на безбедност, вклучително и заштита на легитимните права на руските граѓани и сонародници.
–  Стремежот кон мир и конструктивна соработка меѓу државите да биде врз взамна рамноправност и почитување, немешање во внатрешните работи, што е карактеристика на руската надворешна политика – истакна Баздникин, потенцирајќи дека интеракцијата меѓу Македонија и Русија денес е пред големи предизвици..

 

На германските гробишта во Прилеп, кои  Германската амбасада ги ревитализираше пред речиси две децении, освен германски и руски војници, почиваат и војници од Унгарија, Бугарија и од други држави.

Односно, на Германските воени гробишта во Прилеп, на површина од 7200 метри квадратни се закопани 1683 Германски војници (од кои 45 се од Втората светска војна), 40 Австро-унгарски, 39 Бугарски, 33 војници од поранешна Југославија, 21 од Романија, 10 од Русија, 8 од Албанија и 5 Турски војници. На овие гробишта е исто така закопан Heinrich Ebert, синот на првиот претседател на Германија Friedrich Ebert (1871–1925). Гробиштата биле формирани по Првата светска војна и по Втората светска војна, до 1955 одржувани, а до 2006 г. биле во исклучително лоша состојба. Процесот на реновирање започна во 2006 година до 2009 и денес овој простор преставуава меморијален споменик.

Би можело да ве интересира

Се опремува театар и кино сала во Крушево

Елизабета Филипоска

Божик повторно ќе собере 500 деца на свечен ручек во Прилеп

Гордана Цветаноска

Општините ќе се вклучат во помагање на семејствата настрадани во земјотресот во Турција

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе