30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Три дена ќе протестираат угостителите

Незадоволни од петтиот пакет мерки и барајќи да не се затворени туку да работат, утре, петок, 19, и на 22 понеделник и 23 февруари, вторник, во период од 14 до 17 часот во Скопје, најавен е протест, организиран од сопственици на ресторани за организирани свадби, претставници на фото студија, музички бендови, атељери за вечаници…

Протестот ќе го блокира Централното градско подрјаќе на Скопје и е планиран на крстосницата меѓу булеварот Александар Македонски, улицата 16-та Македонска бригада и улицата Интернационални бригади. Поради тоа, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на овие сообраќајници, информира Министерството за внатрешни работи (МВР)

Сопствениците на рестораните за свадби, крштевки и други веселби бараат Владата ја укине забраната за нивна работа и да донесе протокол за вршење на нивната дејност пред сезоната за венчавки. Тие апелираат до Владата да не ги држи во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како и претходната.

Би можело да ве интересира

Насилството има лице, затоа: Препознаj, Блокирај, Пријави! (ВИДЕО)

По повод јубилејот Прилепска пиварница организира пошумување кај Селце

Крушево започнува со реконструкција на водоводната мрежа

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе