Еден сребрен и три бронзени медали освои македонскиот олимписки тим на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO2024 што се одржа во Пекинг, Кина. Медалите ги освоија Ивана Атанасоска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп и Милена Ангелова од Делчево во категоријата на индивидуален тест на знаења, помеѓу 140 ученици од 35 држави од сите континенти. Големи честитки за медалистите Ивана Атанасоска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево. Сребрен медал (Михаела Павловска од Македонска Каменица) и бронзен медал (Атанас Ташковски од СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево) освоија во категоријата за интернационална тимска презентација.
Пет медали освоија нашите олимпијци во тимските постигнувања.
Како главни достигнувања се индивидуалните знаења и сребрениот медал од тимскиот проект за геонауки. Другите 4 медали се во рамки на поголеми тимови и се заеднички постигнувања-награди. Честитки за учениците, нивните родители, наставници, а секако и до Македонското географско друштво (МГД) и неговиот претседател кој придонесе во организација на целиот национален процес од државните натпревари, преку соодветната логистика, помош околу спонзорства и др. Јас, како главен ментор, заедно заедно со колегата ментор Свемир Горин, се потрудивме за тие кратки 2 месеци да ги подготвиме децата најдобро што може, да ги организираме до овде (Кина) и соодветно да ја претставиме нашата Македонија пред 300 ученици, ментори, наставници, професори, истражувачи – вели проф. д-р Ивица Милевски, еден од водачите на тимот.