3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крушево низ корија – 10 то јубилејно дружење

Крушево по 10 ти пат на 17 и 18 август 2024 година, ќе биде домаќин на возбудливи спортски и рекреативни активности, во рамките на традиционалната манифестацијата „Крушево низ корија“

. Настанот ќе се одржи на Мечкин Камен, каде што се очекува пристигнување на учесниците во сабота, 17 август, од 10:00 часот.

Програмата започнува со тандем летови со параглајдери, кои ќе се одржуваат од 10:00 до 15:00 часот. Параглајдерските летови, кои ќе ги водат професионални пилоти од „SKY RIDERS,“ ќе овозможат на учесниците уникатна можност да ја доживеат убавината на Пелагонија од птичја перспектива по повластени цени.

Во вечерните часови, програмата продолжува со дегустација на традиционални производи од „SLOW FOOD“ во 18:00 часот, додека во 21:00 часот следува концерт на „The Dreamers“ во кампот на Мечкин Камен. Вечерта ќе заврши со заедничко пеење на македонската химна и повечерје точно на полноќ.

Во недела, 18 август, настаните продолжуваат со уште еден ден исполнет со активности. Учесниците ќе имаат можност повторно да уживаат во тандем летовите со параглајдер од 10:00 до 15:00 часот, како и во велосипедските и планинарските тури кои ќе започнат од 09:45 часот.

Манифестацијата нуди три различни велосипедски тури – мала, средна и голема, кои ќе водат низ прекрасната природа околу Крушево, покрај историските и културните знаменитости. Планинарската тура, пак, ќе се одвива на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 км, и е со средна тежина, погодна за учесници од сите возрасти.

Организаторите потенцираат дека сите учесници треба да ги почитуваат пропишаните протоколи и да бидат технички подготвени за учество во турите, со носење соодветна опрема и потпишување на изјава за самостојна одговорност. Особено се потенцира дека учесниците возат на сопствен ризик и дека организаторот не презема одговорност за можни несреќи.

Настанот во Крушево, кој традиционално привлекува голем број учесници и посетители, ќе биде збогатен со дополнителни активности и измени во програмата, кои ќе бидат објавувани навремено.

Би можело да ве интересира

Од петок 26-ти јуни отворени границите, од 1 јули аеродромите и нема тестови и изолација

Елизабета Филипоска

Ковид биланс за Прилеп – епидемијата не попушта

Гордана Цветаноска

(Видео) Прилепската река го урна мостот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе