15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Исак ги воодушеви прилепчани – MK Рисови со фантастична организација на традиционалниот мотофестивал (ВИДЕО + ФОТО)

Кога една организација на традиционален мотофестивал ќе кулминира на дланките на публиката , кога сите се задоволни од одличната промоција , преку мото дефиле низ центарот на Прилеп и безброј изложени мотори кои пленат и ги застануваат граѓаните на една фотографија повеќе , тогаш е јасно дека на градот  му е потребна еден ваков незаборев настан за да го раздвижи градот но и да остави споемни кои долго ќе се раскажуваат.МК Рисови уште еднаш на висината на задачата а оваа мото музичка забава под отворено небо, се осети но и доживеа од сите кои аплаудираа на Исак Шабановиќ и на CROSS ROAD BLUES BAND RELOADED  како и THE SOLUTION BAND, се освежуваа со пијалоци и заигруваа на своите омилени музички звуци.

Балканскиот рокер со фантастичен глас , на свој препознатлив начин , со многу “екс ју” емоција ги воодушеви прилепчани.Како и да не го направи тоа кога сите во еден глас ги пееа а во исто време и не ги штедеа дланките на многуте препознатливи хитови.Ексклузивно за Радио Пела , Исак вели дека му е мило  што е дел од овој фестивал и дека ќе дојде секогаш во Прилеп кога и да биде повикан .

Во продолжение и дел од атмосферата како и интервјуто со оваа балканска музичка ѕвезда единствено за нашиот медиум.Уживајте!

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Тутнопроизводството и тутнопроизводителите се столб на прилепската локална економија

На 14ти „На Василица во Прилеп 2025“ кај Градскиот саат

(ВИДЕО)Станкоски: откупните компании да не манипулираат со тутунарите со нелегитимни известувања

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе