5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ГРК Охрид го освои деветтиот меморијален турнир „Миле Нешкоски“

Во финалето што се одигра денеска, Охрид ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер 2 со 33:23, полувреме 19:9 и со тоа тифуираше на деветтиот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ . По завршувањето на финалниот натпревар меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, следуваше свеченото доделување на пехари.

На 9-тиот меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ за најдобар стрелец на турнирот беше избран Гал Цирар од ГРК Охрид со 30 постигнати гола,  за најкорисен играч (МВП) беше прогласен Теимураз Орјоникидѕе исто така од ГРК Охрид, а третата индивидуална награда, за најдобар голман на турнирот беше прогласен чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер 2, Мартин Јовановски.

Наградата за животно дело на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ја доби прилепската легенда Гоце Бозароски, некогашниот играч на бековската позиција од 1973 до 1985 година, подоцна и тренер и селектор на кадетската репрезентација на Македонија.

Би можело да ве интересира

ФК Победа – со нови сили во нови победи!

Гордана Цветаноска

Не се може без „Мајмуни“ и „Маркови внуци“во Порто !!!

ЧЕЛИЧНА ТУПАНИЦА : Прилепчаните Ице Трајкоски и Матеј Чатлески ќе настапат на овој спектакуларен боксерски настан

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе