11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Гори кај с. Браилово, а жителите освен што се гушат во чад немаат вода за пиење

До 19:00 часот, има вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои активни се 8 и изгаснати се 18 информираат од ЦУК.И,додек во прилепско гори кај  с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково, пожарот се шири на 3 крака: кај с.Бонче кон с.Крушевица, превој Слива кон с.Чумово и кон с.Пештани (нискостеблеста вегетација), Дервен во близина на планинарски дом Дервен (сува трева) – различна локација од изгаснатиот пожар, префрлен од пожарот од Општина Чашка, гори и во долненско. Во Општина Долнени: с.Десово  гори сува трева и мешана шума) а на на својот ФБ Катерина Попоска, информирајќи ја  нашата редакција, додава и ги повикува надлежните да реагираат

Гори и планината над с. Браилово! Позади планината е општина Чашка! (Ова е од друга страна на Прилеп, позади маркови Кули, страната према Долнени, а сиот чад иди накај Прилел. Ова гори 2 недели најмалку, не знам дали гледа некој од надлежните органи?! ) Да дополнам, жителите на с. Браилово освен што се гушат во чад НЕМААТ ни вода за пиење!!!’ 

 

Би можело да ве интересира

Потсетување: започнува задолжителното носење зимска опрема во возилата

Железничкиот сообраќај е во прекин на делницата Прилеп – Битола

Пела Редакција

Комеморација за Илија Велкоски – Ѕаната од прилепските социјалдемократи

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе