8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Конкурсот објавен – Општините ќе добијат 250 милиони евра помош од Владата за проекти

Општините ќе добијат 250 милиони евра државни пари за инфраструктурни проекти. Повикот е објавен, а може да аплицираат сите општини. До крајот на годината на располагање има шест милиони денари.

Со 250 милиони евра за проекти, владата ќе помогне за развој, поддршка и поткрепа во работата на локалната власт.

Општините ќе можат да добијат еден или повеќе проекти, но за истото ќе треба да аплицираат на конкурсот кој утрово го објави Владата. Првиот човек на Министерството за локална самоуправа, Златко Перински ќе врши селекција на оние ќе бидат избрани за финансирање, а првиот човек на Министерството за локална самоуправа, Златко Перински ќе врши селекција на оние ќе бидат  избрани за финансирање. Во фокусот ќе бидат капитални проекти.

Парите нема да бидат исплатени одеднаш, а средствата ќе се доделат преку шест министерства. Ќе има претставници од сите министерства во владиното тело кое ќе го надгледува процесот за истиот да биде транспарентен. Во проектот може да учествуваат сите општини.

А, колку пари ќе добие Општина Прилеп од централаната власт? Кој капитални инвестиции се предвидени со средствава за кои може да се палицира во централнат власт, останува да одлучат општинските власти.  Но, факт е дека финансиска поддршка од Владата за реализација на капитални проекти во локалнта заедница ќе бидатдобредојдени во насока на поквалитетен живот на прилепчани.

 

Би можело да ве интересира

Момче (17 г) се загушило со плин – Најцрна недела во Прилеп

Елизабета Филипоска

Завршна конференција во Рим на проектот Европско движење на експерти за ран детски развој

Прилеп: Двајца починаа, 85 новозаболени за последните 24 часа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе