18.5 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

ЛАГ Агро Лидер – одбележа 10 години успешна работа

ЛАГ Агро Лидер денеска одбележа 10 години од своето постоење како дел од мрежата на невладиниот сектор, во која успешно ја гради приказната на лидер во повеќе области од својот делокруг. Организацијата е препознатлива по низа реализирани иницијативи во социјалната сфера,  на полето на родовата еднаквост, неформалното образование, екологијата, а особено за подобрување на животот во руралните средини; земјоделство и рурален развој, економски и одржлив развој, социјална заштита и антидискриминација; млади,  спорт и култура.

ЛАГ Агро Лидер е формирана 2014 та година со цел поддршка на социјалниот, економскиот и еколошкиот развој на руралните области, а денес прерасна во вистински мост меѓу локалните самоуправи, јавните институции, деловните субјекти и невладините организации поврзувајќи ги локалните актери да работат заедно во корист на заедницата. Фокусот на организацијата е зближување на заедницата и затворање на јазот меѓу руралната  и урбаната средина .

За својата посветеност и работа во интерес на заедницата организацијата лани беше добитник на престижната Третоноемвриска награда плакета за постигнати значајни резултати и достигнувања за подобар живот во општина Прилеп. Организацијата ЛАГ Агро Лидер предводена од Марина Тошеска и Даниела Цветаноска, двете енергични, посветени и успешни девојки е во вистински раце за натамошен напредок и успеси во намерата за градење на вистински вредности во заедницата.

Екипата на Радио Пела упатува честитки за 10 ти јубилеј, уште многу успеси во иднина со продолжување на взаемната соработка на патот кон заеднички развој!

 

 

Би можело да ве интересира

Со минирање започнаа градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, недостигаат работници

Пела Редакција

Интернационалецот Горан Кузманоски – Таста новото засилување на битолски „Еурофарм Работник“

Елизабета Филипоска

Земјоделците од прилепско добиваат дел од помошта за штетата од јулското невреме

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе