1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

(ГАЛЕРИЈА)Млеко 2024“ и предизвиците на македонските сточари

Бело и биено сирење овчо, козјо и кравјо, кашкавал, пекорино… Мед, преработки од кикиритки, овошни сирупи, ракија и вино, ликери…Мармалади, чаеви, сокови… Семејни производители и преработувачи, фарми на околу 30 тина  штандови се претставија денеска на манифестацијата „Млеко 2024“ која се одржа на платото кај Градскиот саат во центарот на Прилеп.

Ова е шесто издание на настанот кој што е во организација на Слоу фуд Македонија, поддржан од локалната заедница во Прилеп и Министеството за земјоделство.

Од цела Македонија присуствуваа сточари кои ги претставија своите производи. Годинава манифестацијата се одржува под мотото „Предизвици во сточарството“. Се одржа дегустација со сензорно оценување на сирења, конференција „Климатските промени и новите вектори на болести“, на која говореа проф. д-р Методија Трајчев од Факултетот за земјоделски науки и храна и Елена Каровска -Гошевска, дипл. инж. за преработка на анимални производи.

Музичкиот дел беше резервиран за староградска музика за кој се задолжени „Романса“ и женскиот хор „Орхидеја“.

Би можело да ве интересира

Дизелот повторно поскапува, за два дена 4 и пол денари !

Прилепскиот Совет ја започна постапката за општинска обврзница

Гордана Цветаноска

(видео) Пожар избувна во дел од старата прилепска чаршија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе